Своевремено возев 10то брзинец некој Корејски со Шимано менувач купен од Београд. Видиш, уште тогаш сум возел Корејци

Како и да е, за разлика од едно мое друштвенце бициклисти, Водно не ми претставуваше предизвик

Ми делуваше превише садомазо и многу се трошеше енергија на договарање, чекање да се собереме, за на крај душата да излезе по угорниците и горење кочници за надоле без никаков напор. Си сакав сам да си ја опалам кога ќе ми текне да возам и си ја направив следнава рута која вклучува повеќе стилови на возење.
Кисела Вода - Матка - Зелениково - Кисела Вода.
К. Вода до Матка ми беше почетно загревање и не запнував многу, воедно угорницата која не беше толку екстремна ја поминував одморен.
Од таму си наметнував појако темпо и вожњата ми се состоеше во максимални забрзувања од семафор до семафор и тркање со Фиќовци

Мењачот и запчаниците си знаат најубаво колку ги тормозев

Од Усје до Зелениково и назад ми беше рута за топ спид

Хехе, во тоа време бев адреналински зависник од брзинско возење, плус немаше толку Ауди возачи и воедно сообраќајот не беше толку густ.