Пак јас...
Значи вака, вчера ја имав расклопено задната кочница, ги извадив пакните, ги исчистив и подгорев малце, го исчистив и дискот колку можев... Користев изопропил алкохол пошто немам брејк клинер. Пробав и блидинг уште еднаш, како на првото видео некој што го прати, горе кај резерварчето. Испумпав балончиња, дотурив масло, затворив све.
Ланецот го чистев со алкохолен оцет, па после со вода и сапун, па му ставив Inno Tech 105 Kettenfluid (ко демек чисти, подмачкува, заштитува итн).
Денеска излегов да праам тест вожња, кочницата пак пропаѓа и квичи у пи**у материну... При мал притисок не, ама ако стиснам нагло, како при emergency braking, вришти ко луда.
Ланецот изгледа во ред, мењачот си функционира како што треба.
Некој некаква идеја или предлог што, како да праам/пробам? Или после целата мука, сепак на сервис да го носам?