Иначе, утре почнувам со трансформацијата на следново точаче. Идејата е да се добие ретро изглед со модерни технологии, лесно и едноставно одржување и мазно, безвучно движење. 
Во моментов ми фалат само светлата, меркам Busch & Muller Upp 30 и AXA Blueline 30, второво го видов во живо и ми прави мерак, али за првото викаат дека давало подобар сноп и кат-оф линија. Исто, ме кочи и тоа да ги најдам со достава до Северна, ама ќе се снаоѓаме некако 
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
После 4 дена стигнав до 85%

Разлики од почетокот на точаков:
- Shimano Nexus задна главина со 8 брзини и добош-кочница (roller brake):
- Нова Shimano Nexus предна динамо главина
- Нова средна осовина со затворени лагери
- Нови гуми со бели ѕидови (фала за потсетување
@AUUU)
- Седиште обложено со вистинска кожа
- Винтиџ лук рачки обложени со фејк кожа
- Стега за колче од седиште со штраф (имав со патент, лесно е за крадење)
- Мат црна боја покриена со мат лак
Што треба за останатите 15%:
- Да стигне Shimano Nexus шифтерот од Џерманија по пошта (нарачан на 3ти мај

)
- Дрвена гајбичка што ќе служи како корпа
- Светла (ќе морам да ги нарачам)
- Кожно футролче за U-Lock-от.
