Шознам.
1. Амортизерот го сфаќам како уред кој овозможува сигурен контакт, грип и контрола кога се вози по нерамен терен, како на пример маунтин-бајкинг, а не како уред за додавање комфор. Амортизерот служи на нерамен терен предното тркало цело време да е во контакт со подлогата, а не да рипка по нерамнините. Инаку, При секој завеслај амортизерот барем малку се натискува/отпушта, што е паразитска потрошувачка на енергија. Слично на возење со меки гуми. Таа инвестиција во енергија просто не е оправдана при урбано возење.
2. (како консеквенца на 1.) амортизери типично ќе најдеш кај маутин бајкови. Ако гледаш комјутинг бајкови (за по асфалт) немаат амротизери, а тоа отсуство е неповрзано со цената. Значи, на тие точаци не ставаат амортизери од причини различни од пониска набавна цена. Значи, има некоја друга, добра причина.
Но, според вашите аргументи, амортизер е секогаш пожелен. Тоа очигледно не кореспондира со состојбата на пазарот.