Ако си внимателен и приложиш малку од малку здрав разум во математиката, и не си саможивен, Скопје е горе-доле сосем океј за велосипедисти.
- Кога постојат велосипедски патеки, користи ги. Има на цела Партизанска (од двете страни), цела Илинденска (од едната страна, меѓутоа поделени во двете насоки), плус кон Аеродром и кон Автокоманда. Главните сообраќајници се мање-више покриени.
- Кога нема, вози блиску до десниот раб, во иста насока со сообраќајот.
- Сигнализирај ги намерите. Од кај к*р да знае тој во кола дека ти си решил да завртиш лево и да му пресечеш пат?
- Биди соодветно осветлен и видлив ноќно време.
- Почитувај предност и семафори.
- Очекувај пешаци на велосипедската патека. Не е страшно да ги има. Како што велосипедистите очекуваат да бидат прифатени на сообраќајници, треба да очекуваат и да прифатат пешаци на велосипедски патеки. Не е ни страшно, ни крај на светот.
- Не сечи дијагонално улици (како што прават МНОГУ велосипедисти).
- Во сите други ситуации, користи здрав разум, биди дупло повнимателен од вообичаено, извади ги слушалиците и што би рекла Каролина Гочева..
----
Едит: Како и да е, не мораме сите да се согласиме на темава. Сите имаме различни ставови, ама океј е да размениме идеи, со проста цел - на сите да ни биде подобро.