За да имаме здрава велосипедска култура во Скопје и другите градови низ Македонија потребно е:
1. Пешаците да не се движат по велосипедски патеки
2. Велосипедските патеки на булеварите се користат за движење на велосипедите во иста насока со возилата. Да нема морони што возат во контра насока на велосипедската патека.
3. Возилата и таксистите треба да бидат ригорозно казнети ако застанат на вело патека.
4. Велосипедистите да почитуваат сообаќајна сигнализација и предност. Да се однесуваат како активни учесници во сообраќајот, а не како привилегирани амеби.
5. Задолжително носење на кацига за секој велосипедист, особено ако транзитира низ Скопје.
6. Задолжително носење на флуоресцентно елече при ноќно возење велосипед.
6.1. Задолжително поседување на светлосна сигнализација, при возње во ноќни услови.
7. Низ Скопје да има паркинг за велосипеди кои ќе го надгледуваат чувари, па макар и да се плаќа. Подобро е да отидам до центар со велосипед, да платам 10 денари за паркинг и да се вратам со велосипедот назад. Без да го мислам.
7.1. Станиците за рентање велосипеди може да се користат и како паркинг пунктови, каде што ќе можеш да оставиш велосипед најмногу до 1 час.
7.2. Паркинг просторите на сите јавни (државни) институции да имаат услуга за паркирање на велосипеди и нивен надзор.
8. Секоја бензинска станица да продава сет за вулканизација на велосипедска гума. Дури и може да нуди промена или сервис на дупната гума за некој надомест.
Ова е само тоа што во моментов ми недостига и ми смета како активен учесник во сообраќај со велосипед. Сигурно има и други ситници кои не сум ги напишал, но верувам дека и тие се битни како и овие. Доколку горните работи ги примениме, културата за возење велосипед ќе се подобри и луѓето ќе бидат стимулирани да го остават возилото дома и да заминат таму каде што тргнале со велосипед.