Не знам што конкретно би споредувал.
Едната е турбо дизел, другата турбо бензин
Едната е автоматик, другата мануелец
Едната вози на 19-ки, другата на 18-ки
Едната вози фабричка Ti суспензија, другата вози Eibach -3cm
Ednata ima Ti опрема, другата има Turismo Sport опрема.
Тежината од 2.4 + автоматикот, се осеѓа саглам. Веројатно и додатната опрема како навигации, сончеви покриви, bose озвучувања и сл. придонесуваат за екстра тежина.
Јас дизел без автоматик не би земал. Одлична симбиоза се. Поспор беше дизелот, од било која брзина, уште пред да метнам Novitec box. И од старт, и од 40, и од 60 и од кај сакаш..
Едната е брз крузер, другата повеќе сака кривини. Удобноста е речиси иста.
Ti има прекрасни кожни седишта. Мојата има солидни седишта кожа со текстил.
Другите геџети, како сензори за дожд, ксенони, навигација, сончев покрив итн, надокнадвуаат за перформансите.
Дизелот има повеќе звук од бензинецот. И тоа во кабина е доста интересен звукот. Скоро недизелски. Во лер, се осеќа дека е дизел, во возење знаеш дека е дизел.