Борд компјутерот мери точно само кај возилата со дизел агрегати.
Кај возилата со бензински мотори борд компјутерот никогаш не мери точно. Тоа е така затоа што дизелхедите тоа го тврдат и се слепо убедени дека "бордот лаже". Затоа ние бензинските смртници мериме со полнење на резервоарот за бензин до капаче, па после си делиме и множиме. За да го зачуваме здравиот разум и не паднеме во бесознание кога недај боже турбо бензинецот ни потроши 5 литри на 100 километри.
Кај сите возила што сум ги возел борд компјутерите мереле со точност од 0,1 до 0,2 литри разлика од мерењата со принципот "од капаче до капаче".
Поентата на дискусијата досега не е да докажам дека турбо бензинецот троши помалу од дизел, туку дека турбо бензинците трошат мноооогу помалку отколку што тврди дизелско-вмровското лоби на форумов.
Поздрав до сите бензинџии на форумот, држете се браќа. Нема правда нема мир!