Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 2216927 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11040 на: 28 Септември 2016, 14:59:52 pm »
Не е ништо чудно тоа за низ град. Нормална и очекувана потрошувачка си е.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3960
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11041 на: 01 Октомври 2016, 16:01:07 pm »
Велес - Белград (над 100км локал) - Велес = 1020км со 6,5л/100км просек. Возено во просек околу 150 на автопатот, останатите 50ина км што не се автопат +10-20 од знаци.

Велес - Белград(50-ина км) = 6.5л/100км.
Белград(50-ина км) - Велес = 6.4л/100км.

Возило: Audi A4 B8 2.0 TDI 105KW
« Последно менување: 01 Октомври 2016, 16:10:33 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11042 на: 03 Октомври 2016, 12:03:35 pm »
Саше гледам доста си педантен со потрошњава, но нели е попаметно дистанца - потрошувачка - просечна брзина.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11043 на: 03 Октомври 2016, 12:52:11 pm »
525 километри (околу 150 градска, остатокот по автопат), 38 литри потрошени. Интернет калкулатор вика дека Citroën Barbecue 1.4i со 75 коњи троши 7.24 литри бензин на 100ка. Чисти 5 литри помалку од Алфата.

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11044 на: 03 Октомври 2016, 12:57:30 pm »
^ сега можеш да почнеш да дигаш спрат :D

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3960
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11045 на: 03 Октомври 2016, 20:13:12 pm »
Саше гледам доста си педантен со потрошњава, но нели е попаметно дистанца - потрошувачка - просечна брзина.

Просечна на патувањето натаму и наваму беше 69км/ч но е сосема небитна зошто за натаму на граница чекав 15 минути а за враќање 30 минути без гасење на колата. Низ центарот на Белград се отепав во тоа гужвата од стоење во место и на семафори, барање паркинг и сл.
Ќе гледам следен пат и таа да ја запазам и да ја ставам во постот.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен mk2b

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11046 на: 04 Октомври 2016, 15:37:17 pm »
Другар мој купи ново Пунто 1.2 пред месец дена, 1300 километри му поминал досега од кои пола му се у град поминати, а другата пола му се од двапати идење од Скопје до Охрид и обратно. Е денес ме повозе во колата: значи све убаво, на ново мириса, не се слуша дека работи, одлично озвучување, убава стандардна опрема итн. Се тоа фино лепо, ама кога ми ја покажа просечната потрошувачка на борд, дамла ме удри - 8.6 бензин на 100 со просечна брзина 30! Дури вика дека пред да оди во Охрид, со чиста градска вожња му стоело 9 и кусур на борд! Ете колку не троши 1.2, Шкода Фелиција не му е рамна (мада со клима вози скоро цело време, ама преку 9 литра во град за 1.2 8V со 60 и нешто коња бе?)

Апдејт:

После 3000 и кусур поминати км, ~8.5 литри плин при просечна брзина 25 км/ч (без клима). Ова е веќе друга работа.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11047 на: 04 Октомври 2016, 17:23:46 pm »
Па кога ќе видиш гужви какви има низ Скопје и како се лази... Супер си е таа потрошувачка

Отсутен mk2b

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11048 на: 07 Октомври 2016, 12:48:05 pm »
дестина км по обиколница со 80-85 км/х:



Отсутен ford_mkd1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11049 на: 07 Октомври 2016, 14:14:18 pm »
поточна пресметка здравје :)

од 15.окт.2015 до 6.окт.2016, поминати вкупно 11428км, наточено вкупно 689 литри дизел. Просек 6,03 l/100km.  70% од километрите поминати на отворен пат, со 5 луѓе во кола. На автопат возено домаќински 100-110km/h.
Форд мондео мк3 караван 2001 година, 2.0 ТДДИ 116кс, со поминати вкупно 266К километри.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11050 на: 07 Октомври 2016, 15:48:01 pm »
Колку луѓе се у кола значи нешто при тргни-застани низ град. Но, на отворен пат многу малку или ич не влијае на просечната потрошувачка (особено ако кочиш моторно ко господин човек, т.е. не ги црниш бандажите со чад од пакни ко сељак).

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11051 на: 07 Октомври 2016, 15:55:29 pm »
Филип, за таа кола таа потрошувачка со тој начин на возење толку е. Да се отепаш од пазење, 200 мл ќе заштедиш.

Истата потрошувачка беше кај мене мерена на некоиси 100к километри. Како сакаш вози пензионерски и нормално, троши 6. Ако го реметиш, потрошувачката оди нагоре.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11052 на: 07 Октомври 2016, 15:56:12 pm »
Колку луѓе се у кола значи нешто при тргни-застани низ град. Но, на отворен пат многу малку или ич не влијае на просечната потрошувачка (особено ако кочиш моторно ко господин човек, т.е. не ги црниш бандажите со чад од пакни ко сељак).
Тоа важи само ако си ги напумпал задните гуми соодветно за 5 луѓе - нешто што никој скоро не го прави. Така да има малку зголемен ролинг резистанс од задни издишани гуми. Не дека е многу, ама постои.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11053 на: 07 Октомври 2016, 15:57:47 pm »
Тоа важи само ако си ги напумпал задните гуми соодветно за 5 луѓе - нешто што никој скоро не го прави.

Хммм, да? Јас го правам тоа редовно (по принципот „чим пишале на вратата ваљда битно е, не лепеле налепници за украс“), па врз таа лоша основа претпоставив дека и сите други.

Филип, за таа кола таа потрошувачка со тој начин на возење толку е. Да се отепаш од пазење, 200 мл ќе заштедиш.

Супер, ама јас не зборував за тоа колку троши колата, туку дали и колку потрошувачката зависи од бројот на луѓе во колата.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #11054 на: 07 Октомври 2016, 16:05:49 pm »
Супер, ама јас не зборував за тоа колку троши колата, туку дали и колку потрошувачката зависи од бројот на луѓе во колата.

Знаејќи како се вози во Македонија, едвај ли крузал повеќе од 10 километри без прекин.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.