Пожелно е, 50% од форумот вози на плин.
За потрошња не можам да кажам точно, пошо ме мрзи да ги праам сеа математиките, но што се однесува до траењето на плинската боца (43ка) и однесувањето на колата, ги приметив следниве работи:
- во Германија, просечна километража помината со една боца плин ми е помеѓу 490 и 530 км, во зависност од начинот и условите на возење. Во Македонија, просекот беше помеѓу 420 и 450 км.
- од сите станици каде што сум ставил плин во Германија, најдобро се имаат покажано Total, Shell и Westfalen. Кога сум точел на овие пумпи, разликата помеѓу возење на плин и возење на бензин била практично непостоечка. Дополнително сум ставал на Esso, Aral и Agip/Eni. Во тие случаи, било за нијанса полошо, во однос на претходно наведените. Одиме сеа према Балканот, пошо во Австрија се ретки пумпите што имаат плин, па ретко кога ставам таму...
- во Словенија, голема препорака за Petrol и големо НЕ за OMV. Со плинот на Петрол, колата се понашаше и трошеше речиси како со подобрите германски добавувачи, додека ОМВ беше ненормално разочарување. Со плинот на ОМВ и исти начини и услови на возење, колата помина скоро 70 км помалку.
- во Хрватска не ставам плин, пошто се тешки дилајли Хрватите.
- во Србија претходно ставав на Нис Петрол и резултатите беа како последниов пат со ОМВ во Словенија т.е. лоши. Овој пат (сега во август) ставив на Лукоил и имам само пофални зборови. Одлично однесување на колата, одлична километража (помалку него ли германците, ама подобро него ли ОМВ Словенија).
- во Македонија ставам строго на Лукоил. Сум пробал на Макоил и на Окта, меѓутоа најдобри резултати ми се покажале со Лукоил. Само со горивата (и бензин и плин) од Макпетрол, ми светнал Check Engine, па затоа никогаш не ставам на Макпетрол.