Се издржува. Иако не е баш удобно ако човек има поголеми габарити во мало возило (некој како мене). Инаку, вожња како и секоја друга вожња. Единствено не знам колку брчи внатре од моторот.
Македонија - Германија.
До Хрватска со македонски бензин 6.6 на 100. На македонска граница во место 2 часа. Србија-Хрватска 30 минути. Белград саат време чекање заради сообраќајка. Возење по локални патишта низ Србија и Хрватска заради избегнување на гужви.
Со австриски бензин 6 на 100. Чекање, нигде. Возење по локални патишта низ Австрија и Германија заради избегнување гужви. Просечна брзина 95 км/ч.
Инаку имаме лош бензин. Особено од Макпетрол. Прв пат во три години колата ми чадеше. Црн дим. Од бензинец.
Во Хрватска полнев откатко ми светна резерва. Низ Вараждин на семафорите тропкаше како незагреана. Ако ја стиснев поагресивно да забрза (втора-трета), светкаше чек-енџин сијалица. Како што беше жешко, ептен ми ги дигна нервите.
После во Австрија отидов на ОМВ, танкирав Максмоушн 100ка. Друга песна пееше.