Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 1955891 пати)

Отсутен TheHeatIsOn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 515
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #10800 на: 31 Јули 2016, 00:29:11 am »
Okolu 6.5 e kaj mene, do 140 ...

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #10801 на: 31 Јули 2016, 00:42:03 am »
@ лошко, постојат два вида потрошувачка, реална и за на форум. Ја обично првата ја поштуем ;)

А зошто би лажеле, некој награда да не му даде некому заради добра потрошувачка? И јас ги пишувам вистинските бројки на форумов. Сите резервори досега ми е измерени и запишани. Уште еднаш, за 64кмх просечна таа потрошувачка е катастрофа. Незнам дали колата е расипана или едноставно тој мотор+мењач не ги бива. 11 троши при 200кмх кај мене.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #10802 на: 31 Јули 2016, 00:44:41 am »
Дај ми го на два дена да видиш колку му е реална потрошња ...

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #10803 на: 31 Јули 2016, 00:51:15 am »
ИСто. Дај да извозам 2-3 резервоари, ќе ти кажам колку троши и твојата реално.

Што е реално се поставува прашањато? На отворено скоро никој да не ме претекнува, во град возам бензионерски, мотор никогаш не гасам додека чекам некој, клима не штедам, не кочам за џабе, возам енергетски ефикасно и планирано. Тоа е мојата реалност.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #10804 на: 31 Јули 2016, 00:54:04 am »
   Просечната километража не значи многу, може сум возел постојано 70 на саат, или сум возел 170 поголем дел од патот, али се десил застој кој ми ја е*ал математиката. Битна е споредбата дизло вс бенз при речиси идентични услови со исти возила во исто време возени.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #10805 на: 31 Јули 2016, 01:01:18 am »
Да имало застој ќе го кажеше претпоставувам? Или сега трeба да претпоставиме дека при иста вожња дизел троши 11 а бензин 9? Може и така,  форумот трпи се, на крај секој сам си тура гориво.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #10806 на: 31 Јули 2016, 08:38:15 am »
 Јас не мора да претпоставувам. Ти не мора да веруваш. Јас се уверив од прва рака за "фјул економи" на споредлив дизелаш со мојот бензинец во иста кола..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14231
  • Пудингот на шоферството
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #10807 на: 31 Јули 2016, 09:04:18 am »
Kaj zamina svetot,Alfa benzinec da bidi poekonomicna od Alfa dizel. :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #10808 на: 31 Јули 2016, 13:53:15 pm »
Скопје - Нифореика, рута бр.1
Натоварени за на одмор, ноќно возење, гуми на 2.5 бари, клима нон-стоп, 40-тина минути преминување граница, возено +10-20 од знаци, во Грција на автопат 130-140:







Нифореика - СКопје, рута бр.2

Денско возење, возено како погоре, на автопат за нијанса побрзо, 10 (десет) патарини, преминување граница 15 минути:





Вкупно сосе локал во Грција:





Гармин вели:







На 17-ти натанкано на Шимов 22 литра, остатокот е 100-ка од Топ Трејд.
На 25-ти натанкано на Шел 44 литра Shell V-Power Fuel Saver 95
На 25-ти пакнатанкано на Лукоил 49 литра Екто Спорт (Топ пак немаа бензин)



Бевме три коли, споредбено по борд на одење:

- Сеат Леон 1.4 ТСИ - 6,7 л/100
- Пасат 2.0 ТДИ 140 - 5,6 л/100
- Сеат Леон мк3 1.6 ТДИ - 5,0/100 (од Дојран)

На враќање:

- Сеат Леон 1.4 ТСИ - 7,7 л/100
- Пасат 2.0 ТДИ 140 - 6,8 л/100
- Сеат Леон мк3 1.6 ТДИ - отиде за Дојран, немам инфрмација.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #10809 на: 31 Јули 2016, 17:30:19 pm »
Убо ли си помина? :)

Убаво си опишал и според пишаното си имал идеални услови за возење, максимално економична патна брзина, гуми карпа, помалку од ова не може да потроши. Просек 7.2, што е очекувано и нормално за бензинец. Косилицата I30 во вакви услови трошеше под 7 литри. Од 6.5-6.7 литри.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5003
  • The Spartan General
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #10810 на: 01 Август 2016, 12:05:37 pm »
Германија - Македонија. Околу 2200 километри.
Многу сообраќај, чекање само на патарини и граници. Со оглед на хаосот низ цела Европа, чекав само во Грделичка клисура и српско-македонска граница (вкупно) еден саат. Сите други граници избегнував главни премини и поминав на локални премини. Ако некој сака да патува низ Европа за време на одмори, може да му дадам препораки да не чека никаде. Е сега ќе вози еден до два саати повеќе, ама никогаш нема да стои заглавен во место.

80% по автопат, некоиси 20% по магистрални патишта за избегнување на гужви, граници, патарини. Возено само со клима, колата е гасена само за полнење бензин и пауза за ВЦ (Дури и не секогаш ако застанував на теферич).

Прво танкирање. Германија - Австрија. 745 километри. 44.75 литри Арал Ултимејт 102.  Потрошувачка 6.0. Просечна брзина 81.1 кмч.
Второ танкирање. Австрија - Србија. 843 километри. 54.23 литри Бритиш Петролеум Премиум. Потрошувачка 6.43. Просечна брзина 73.6 кмч.
Трето танкирање. Србија - Македонија. Досега извозени околу 640 километри. Наполнето од Лукоил. Потрошувачката по борд компјутер околу 6.4-6.5.

Заклучив дека борд компјутерот ми точен до десетинки. Возило: БМВ 318и 143 кс.

Германија на Аутобан на темпомат 120-125 и кадешто дозволува патот повеќе. На локалните патишта низ Германија 100 на темпомат (јебига многу камери). Влезено во Австрија преку еден мост на Дунав околу Пасау.
Австрија на автопат 120 темпомат (освен тунелите кадешто е 100). Локалните патишта колку дозволува патот. Најчесто 80-100. Пејсажите и патиштата закон. Инаку камерите во Австрија најчесто мерат просечна брзина на определени отсечки од патот. Така да... Сигурно ќе те казнат ако возиш брзо. Влезено во Словенија на еден мост на Мура.
Словенија возено само по локални патишта. Гужви немаше никаде по патиштата кадешто возев и речиси секогаш бев сам на патот. Милина.

Хрватска 115-120 на темпомат. ПРемногу сообраќај и осетив дека со таа брзина најбрзо се движам. Почнав да престигам да газам да намалувам, да кочам заради престигнување на шлепери и неподместување на десно. Накратко секој шлепер на автопат беше тесно грло и во најлева лента од 140 намалуваш на 95. После пак забрзуваш и до наредниот шлепер истата приказна. Од 140-150 намалуваш на 95-100. После неколку пати, заковав на 115 темпомат, се растерети сообраќајот околу мене и се возеше полесно. Поминав низ Вуковар, Илок - Бачка Паланка. По мостот над Дунав.

Србија исто 115-120 на темпомат. Ако во Хрватска беше многу, во Србија беше двојно повеќе. Маџарска и Хрватска се спојуваат во Белград. ХАОС. Не се знае кој престига, кој кочи, кој се престројува, жмигавци ни за лек. Иста приказна како во Хрватска забрзување кочење, колони, возење во лева лента со 90. Коваш темпомат 115 сите те престигаат и сообраќајот се растеретува. Кога дојде до застои на наплатни рампи, одмаралишта, бензински пумпи, пак си со истите коли кои те престигале иако забрзувале и демек осетно биле побрзи од тебе.
 
Чекање во Грделица затоа што некои се лупнале кај Предејане. После едни од “Швицарска“  со џипови се престигаа низ застојот на Грделица, па се створија 20+ километарска колона во двете насоки. На Македонска граница гужва, престројување, пресекување пат, викање, дерење, свирење, абе стандард.

И за крај, Куманово - Штип го возев саат и пол. Факинг саат и пол 60 километри.  

Е тоа е патешествието за сега. Понатаму, ќе видиме.   :D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #10811 на: 01 Август 2016, 12:09:33 pm »
Твоето бемве е со валвтроник?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5003
  • The Spartan General
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #10812 на: 01 Август 2016, 12:12:16 pm »
Твоето бемве е со валвтроник?
Да.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #10813 на: 01 Август 2016, 12:13:28 pm »
Очигледно добар систем за економија. Секоја чест за резултатите. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #10814 на: 01 Август 2016, 12:18:01 pm »
Добредојде!

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need