Сум го пробал многу пати со борд компјутер.
Кажи ми колку пати е поголемо оптеретувањето на моторот при 180 со 6-та од 50 со 1-ва?
Неколку пати сигурно е поголемо оптеретувањето на 180 прво заради отпорот на ветерот второ заради повисокиот степен на однос на менувачот, земи како пример колку плус коњски сили му требаат на моторот во прва за да дигне плус 5км/час а колку коњнски сили му требаат да ги дигне тие плус 5 км на 180. Со мотор од 20 коњски сили поставен на кола ќе кренеш 55км/час а со мотор од 75, 80 коња на 180 станува тешко, во тој момент се вшприцува многу повеќе гориво во моторот за да ја постигне таа брзина одколку во прва на 5000 вртежи.
Не не. Зборуваме само оптеретување на мотор без да се земе во предвид отпор на воздух и друго.
Да скратиме, муабетот ми е при 180 км/ч моторот ќе работи нешто над 30 минути за да помине 100км/ч. А при 50км/ч ќе му треба 2 часа. Значи скоро четири пати повеќе. Ова е битен фактор. А битен фактор е што ДИЗЕЛ моторот е многу ПОЕФИКАСЕН од бензинецот при големи и максимални оптеретувања. Да зборувавме за бензинец би се сложил. Ама за дизел не. Со зголемувањето на оптеретувањето дизелот троши линеарно повеќе гориво а бензинецот експоненцијално повеќе.
Сите мотори имаат SWEET SPOT за производство на сила во однос на потрошено гориво. И тоа се користи во агрикултура, кај иригација, кај големи транспорти и слично.
Ако сакаш да возиш 180 неможеш да зборуваш за ефикасност, зошто немаш избор. Има еден и единствен начин да возиш 180, а тоа е со гас до апсолутна даска и во последна бризна. Што би можел да промениш за да троши помалку? Ништо.
Друго е 100кмч, каде веќе на угорници може да играш ссо брзина подолу, на удолници брзина погоре. Па помалце, гас, повеќе гас, одржаваш праиш. Кривината малку побрзо фатена, за да не убрзуваш после неа непотребно.

Моторот мора да е оптеретен со 50% ако сакаш ефикасност, и тоа по можност да се и вртежите во најефикасно подрачје. Затоа и постојат коли со добри мотори и добри менувачи и коли со лоши...
Значи кај мотор од 70кс, за да оди 180, ти си на максимум оптеретување, максимум вртежи и максимален степен на пренос... Епа тука економија нема.
Едино што ме вади од кожа кај 90% од возилата е што се оптимизирани за 100кмч, на автопат а не на 120-130км, што е многу по реално. За среќа тој проблем е веќе решен кај подобрите производители.
--------
Споредба. Ако сакаш пумпата да полни 400 литри вода на саат, ти треба пумпа со 4кс. Ако сакаш да полни 800 литри на саат, може или да ја навиеш старава, ама да троши повеќе (што е океј ако е за блиц работа), или да земеш пумпа со 12кс, и да троши малку.
Истото и со коли. Сакаш да одиш 90кмч ти треба 80кс, ако сакаш 180, можеш со тој од 80кс да го настегаш и да троши повеќе (што е океј за блиц работа), или да земеш кола со 240кс, соодветен менувач и висока аеродинамика и да троши малку.