Вака... скроз празен резервар и јас оп... турам 37 литри. Возам до Грчка граница (околу 150км) и му викам на тој тури мајсторе до врв и он ми тура 7.5 литри значи просек од 5л/100км. ОК... возев 120 - 130. Натака до Сарти, исто со 120 - 130 (нормално ако дозволуваат условите ако не се прилагоддувам на нив). 5 дена на Armenistis плажа, одалечна 12 км, еднаш и до Banana Beach (24км). На враќање обавезно во Солун (Ikea, Mega Outlet, Центар, Cosmos) и се враќаме накај дома. Арно ама сега возам по опуштено, 100-110, по потреба и 120 али без форсирање. Неколку дена низ Скопје (гратска ми троши скоро 6л али јебига, таков ни е градот) и стигнав до бројка од 1000 км поминати со 44л дизел. Односно 4,4 л/100км односно (рачунато според старата цена на дизелот) 3 денари по километар. Мислам дека поминав одлично, а ако запнев на економичност ке стигнев и до бројка од можеби 4 - 4,1 л/100км.
П.С. Во кола двајца со куфери, а на враќање, меѓу испазарените работи се најде и еден шкафоњер од Икеа со тежина од 46 кила!!!
Ford Fiesta 1.4 TDCi MK5 2006