јас незнам што се случува со плинов, ама почнуваат некои ненормални бројки да ми се појавуваат на колава...
ја турив на тестер, се е ок, нема проблеми, нема ерори.. ја закачив сам на гас тестерот за ловато, нема ништо... ај си викам, да идам и до плимонт, можда има нешто ноо од ловато за што незнам, ама џабе... зборам за зголемена потрошња од преку 30%.. наместо кога ке се стопли да намали потрошња, оно зголеми...
турав од нас гас, константно, чак пат можда од некоја друга ако ме затече нагде на пат непланирана километража, али начелно од нас гас и немав поплаки, и одеднаш оп, голема потрошња... ај ушт еднаш, викам ,можда грешка некоја, пак исто... ај сега од макпетрол ке турам, пак голема потрошња, ај сега од лукоил, пак голема потрошња... значи константно висока потрошња, т.е. потрошња поголема за 30-35% од зимоска, без оглед од кај ке турам. тестирам веке 15-тина боци цели од разни пумпи, чак пат ке се деси да се врати во нормала, само со една боца и пак на следно полнење ке се зголеми... кој К се дешава со плинот?
само кај мене е макаваили има и други се дешава истово?