па за дизел не се малку 250 вртежи (како прво). Како второ, дизелите работат на принцип „lean burning“, па без разлика на кубикажата, количеството гориво е битниот фактор за да се движи рамномерно со константна брзина. Однсно без разлика дали имам 2л мотор, или 1л мотор, ако може да согори доволно гориво за да го движи возилото со иста брзина, без да има потреба од повеќе вртежи, ќе троши исто. Паразитските загуби помеѓу 1.6 и 2.0 моторите се минимални. Поготово ако имаат ист преносен систем (менувачка кутија).
Кај бензинци е друго, се брка соихиометриски однос, и се намалува дотокот на воздух преку клапна. Зачи кај бензинците битниот фактор е количеството воздух, а не количеството гориво. Бидејќи воздухот е тој кој диктира колку гориво ќе се согори. Таму разликите помеѓу паразитските загуби на 2.0 и 1.6 бенинци се доста поголеми.