Мора дури чекаш семафор, да користиш од тој кафениот селотејп што го спомнува Онак во друга тема, и да ги лепиш со селотејп за седиште.
Друго објаснување како ги лепиш за седиште нема
Има: нагли стартови и максимално можно забрзување до таргетната брзина (брзината која однапред си ја зацртал дека ќе ја возиш).
Во посебна тема веќе го имаме ова претресено, а и во друи теми бар 2-3 пати.
http://forum.carclub.mk/index.php?topic=69.0
Точката 10 важи само кога веќе возиш т.е. крстариш. При стартови не важи - ако стартуваш со нежно притискање на папучата за гас трошиш повеќе а не помалку гориво.
Точката 5 е во најмала рака дискутабилна. Не се пали, не викам „врска нема, не е така“, туку дека може да се дискутира и да се доформулира или модифицира. Јас би рекол дека угорницата треба да се помине во највисокиот можен степен на пренос.
Формулата за ниска потрошувачка според мене е: со што помалку пати идење на клиповите горе-доле да се оствари што поголемо забрзување кога се забрзува и да се помине што поголема дистанца кога се крстари.
Премногу се ограничуваш. Не е толку својствено за тебе тоа. Зошто? Затоа што во повисок степен на пренос ништо не си кажал, точно се знае кај кои мотори каде треба да биде стрелката од обртомерот. Кај турбо дизел до некаде да речеме дека грубо може да пројде кометарот, но кај бензин не. Ефикасноста почнува да опаѓа под извесни вртежи со слично оптеретување. На пример 2500 вртежи кај бензин. Малите мотори кои ги возиме по Македонијава поголем дел од времето се максимално оптеретени на угорница, па ефикасноста е горе долу оптимизирана во тоа поле, останува да се оптимизираат и вртежите кои треба да се меѓу 2000-3000 кај бензин, но не помалку од 2000 при оптеретувања. При крузање - да. Но при оптеретување не, зошто се оддалечуваме од sweet spotot на бензинците за оптереетување кој обично е околу 2800 вртежи грубо земено. Секако дека варира кај различни мотори, но не варира многу. Турбо дизел и бензин се оста различни во тоа поле, додека кај дизелот секое поголемо оптеретување е подобро за ефикасноста, кај бензин не е така. По некое време почнува да опаѓа. Воедно и на 100% оптеретување бензинот не е ефикасен како на 90%, за разлика од кај дизелот кој е секогаш поефикасен при поголемо оптеретување. Тоа е и основната карактеристика за избор на дизел мотор кога се бараат големи оптоварувања.
Можеби полесно се гледа од следниве два пример-графици:
