Мора дури чекаш семафор, да користиш од тој кафениот селотејп што го спомнува Онак во друга тема, и да ги лепиш со селотејп за седиште.
Друго објаснување како ги лепиш за седиште нема
Има: нагли стартови и максимално можно забрзување до таргетната брзина (брзината која однапред си ја зацртал дека ќе ја возиш).
Во посебна тема веќе го имаме ова претресено, а и во друи теми бар 2-3 пати.
http://forum.carclub.mk/index.php?topic=69.0
Точката 10 важи само кога веќе возиш т.е. крстариш. При стартови не важи - ако стартуваш со нежно притискање на папучата за гас трошиш повеќе а не помалку гориво.
Точката 5 е во најмала рака дискутабилна. Не се пали, не викам „врска нема, не е така“, туку дека може да се дискутира и да се доформулира или модифицира. Јас би рекол дека угорницата треба да се помине во највисокиот можен степен на пренос.
Формулата за ниска потрошувачка според мене е: со што помалку пати идење на клиповите горе-доле да се оствари што поголемо забрзување кога се забрзува и да се помине што поголема дистанца кога се крстари.