Ако јас тврдам нешто и некој побара од мене практично да го докажам своето тврдење, јас ќе бидам прв кој со најголем ентузијазам ќе се дадам во докажување. Особено во случаи кога докажувањето на тврдењето (како на пример „со овој усб кабел басот е по цврст“) се прави многу лесно.
Кога ке бидне тестот за тоа дека нисанот ти троши 5 литри во умерен градски сообракај ? Ја и се понудив тогаш да ти правам друштво тие час-два. 
На FilipV кашкаи то троши 5Л/100 (бар така тој ни тврди).
На Брат ми Кашкаи то троши 9.1Л/100 (дизел, 2.0 dCI). Хммм. Или некој не кажува вистина, или некој има расипано кашкаи.
Ама види чудо, и јас кога тестирав 1.5 ДЦИ ми трошеше 7-8Л/100 на отворено.. Изгледа и тоа што го тестирав беше расипано...
Кашкаи 2.0 дЦИ реална потрошувачка (целокупен просек):
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
I da ne znae da vozi mnogu e. 100% kolata e defekt ili ima problem. 2.0 DCI da trosi 9 e nenormalna pojava nesto ne e vo red?
Не, колата не е дефект. И ова е целокупната просечна потрошувачка на возилото. Купена е во салон, и сеуште ја вози првиот сопственик. Сите сервиси се направени во официјален сервис. Како што кажав, возилата што и јас ги тестирав ми трошеа слични бројки при нормално возење (под нормално возење подразбирам не експериментално возење под стрес за кое треба живци дебели ко добар УСБ Кабел

, туку најнормално возење. Не е ни форсирано возено).
Исто слични бројки добив и со Оутлендер 2.2 Дизел што го имав на тест. Honda CR-V дизел 2.2 ми трошеше 8-9Л/100... (Бидејќи ги возев одамна по сеќавање ги кажувам бројкиве.. Ама во тестовите што ги постирав тогаш најверојатно имам постирано баш детално колку и како трошеле).
Чисто за споредба. Вчера возев Меган 1.5 дЦИ и тоа чупуван (ќе следи опширен текст). Умерено се возеше, и извадив потрошувачка 5.7Л/100, ама тотално растеретено од гужва и претходно добро загреан мотор. Возилото имаше 6.7Л/100 просечна потрошувачка пред да го ресетирам борд от.
Qashqai 1.5 дЦИ што го добив на тест (и за кое поопширно веќе пишав), исто трошеше 7-8 Л/100 на отворено. Citroen C4 1.4 HDI ни троши во град од 5.5Л/100 до 6.7Л/100 (зимно време, кратки релации).
Епа не може да сум толкав баксуз па сите коли да ми се расипани?

СО ЦР-В то ви пуштив слика од 7.7Л/100, и тоа градско возење е тоа. Ама:
1. Загреан мотор претходно
2. Возено по растеретен град и бркање на зелен бран.
3. Пазено цело време на потрошувачката.
Арно ама тоа не е реалната потрошувачка на возилото.. Реалната Нормална просечна потрошувачка е 10.1Л/100 по борд (или 10.5 Л/100 реално).