@krell: Јас влечев информации од Ultimatespecs.com -
http://www.ultimatespecs.com/car-specs/Nissan/10729/Nissan-Qashqai-4x4-20-dCi-Acenta.html - 1643 kg
http://www.ultimatespecs.com/car-specs/Honda/7941/Honda-CR-V-III-20-i-VTEC.html - 1469 kg
33.7mpg = 8.4l/100km
Во право си, не сум го свичнал конверторот на Гугл, сум го оставил на км/литар место на литри / 100 км. А гледам дека чудно висока бројка. Се извинувам.
Заклучок: Дали брат му на Krell знае да вози?
И дали Krell знае да вози?
Бидејќи кога го тестирав неколку дена пред да одлучам да купувам нова кола, и јас имав горе доле слична потрошувачка, зависно од условите.
Затоа и дефинитивно решив да одам на бензин, бидејќи осетно поевтино при набавка, без потенцијални проблеми со филтри и слично.....
Од друга страна веројатно овие 9.1 л/100 кај него се максимална потрошувачка некаква (станува збор за просек направен во последниве месеци со доста ладни утра, исто тој го чува Кашкаи -то надвор, а јас ЦР-В то во Гаража).
Сигурно да го чувам ЦР-В то надвор ќе имам поголема потрошувачка.
Кај него влече многу добро моторот, и не ја губи снагата нагло како кај некои други дизели, ама го има тракторскиот момент во лер.
Кај мене е помазно, ама фали торк на моменти... Инаку го вози Кашкаи -то во 2WD мод, или во Ауто мод.