мене BMW-то ми троши 1,4 литри, на 10 км... нај економично ауто имам од сите вас...
а у мемонетов волвото не троши ништо... ама ни една ебана капка. веке 10 дена (поточно од 22.12.2013 па навака) не сум у турил гориво, потрошња има точно 0 (нула)... а проаѓам во периодов просечно 70 км дневно. а ја знам и причината зашто не троши. една тајна моја е тоа што ке ја споделам со вас... значи еве ја нај големата тајна како да не ви троши возилото ни капка гориво. е па, паркирај го, фрли ги клучевите во фиока, не го пали воопшто и нема да троши. волвото од тогаш до денеска не е запалено воопшто...
иди пешки, вози точак, вози се со јсп, иди со такси. возилото нема да троши ич.
да с еразбереме, јас имам одредени мои лични заклулчоци околу начинот на возење и потрошувачката... ако сум малку поагресивен на педала (а редовно сум) ништо во животот нема да ми смени 1-2-3 литри гориво поише да троши на 100 км. едноставно, тоа е кејфот мој и за него си плаќам. ако треба да возам како фаланга на пример, ке извадам пиштол и ке си пукнам или во слепочница или низ уста. подобро отепај ме одошто да ме туриш на такви маки да возам како пензионирана (пред 15 години) баба која на сеуште чуден и непознат начин ја има возачката и вози.
сега логично некој ке праша зашто возам на плин а не на бензин?
па и за тоа има нормален одговор. да, колата што ми е омилена сега троши просечно 15 литри онака како што јас ја возам. за сериозни разлики кога збориме 15 литри бензин и 15 литри плин? нели не е исто, тука веке се исплати да се дискутира за тој начин на заштеда.
еве една мала тајна ке ја откријам... набро (ако успее зделката) и јас ке се упишам во турбо дизелаши. муабетот ми е дека уште од сега веќе дискутирам за монтажа на метански уред. економија на толкави цифри е економија, плус и во двата случаи (лпг или цнг) си поголем екологиста а јас и за тоа се залагам во животов. секој дрба да почне од себе а не на друг да му солли памет.
значи да сумирам. потрошувачка поголема од 2-3 литри на 100 не ме тангира. ако тоа е цената на мојот кеиф, нека биде, радо ја плаќам. сериозни разлики во потрошња се интерес на дискусија, без да си го изгубам комодитетот на кеифлиско (по мој тертип) возење.
инаку, волвото фабрички го пишува 7,4 дека троши.. кај мене е помножено со 2.