Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 2328929 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14877
  • Пудингот на шоферството
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #6495 на: 16 Септември 2013, 20:26:43 pm »
Ако те брка некој обично побрзо возиш. А кога има застанат камион попречно си излетуваш - и така.
Сценарио.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9200
  • Аstra la vista baby !
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #6496 на: 17 Септември 2013, 04:04:33 am »
Вечерва крузав низ Битола со Пасат 1.9 тди (110). 5 души во кола, музиче, лагана вожња со два - три испади. На крајот при проверка на бордот покажа дека сум вртел точно 2 часа од кога последно ја запалив колата и просечна потрошувачка во тоа време од 4.7л.

Дизел Рулз ! :)

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #6497 на: 17 Септември 2013, 14:52:51 pm »
Мене не мие јасна само потрошувачката преку Галичица,каде што се вози 2ра -3та,пак 2ра,па 3-та итн.итн.И тоа без штедење,колку да се знае Без Штедење.
Галичица се вози 2ра - 3та со косилица од 50-тина КС, со непознавање на патот и кривините и константно кочење на секое кривинче без прегледност.
Јас без проблем ја возам 3та - 4та, а има делови каде без проблем се држи и 5та (на делот од вклучувањето од патот Охрид - Св.Наум до првата U кривина), нормално ако не се губи беспотребно полетот со кочење пред секое кривинче.

По интензивно качување и просечна околу 11 л/100, по симнувањето пред Отешево просечната паѓа под 7 л/100, бидејќи моменталната на удолнина е 0 л/100 за над 1200 вртежи/мин на моторот при моторно кочење. На педалата за гас има потреба да се притиска најчесто само на излегувањето од U кривините.

Мене возењето на Галичица ми е задоволство и предизвик од дете. Сум ја поминал стотици пати досега со секакви коли минативе 25 години. И секогаш цел ми било тоа да го направам за што пократко време, да се знае Пократко Време.
Ако ми беше цел Без Штедење, ќе возев 1ва - 2ра, ќе кочев и на рамно и на кривина, и ќе требаше дисковите во езеро да ги ладам.
Единственото нешто што не го штедам на Галичица се гумите. Оригиналните Good Year NCT 5 (особено нивните искасани бокови) се живи сведоци на патешествијата по раздробениот планински асфалт.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14877
  • Пудингот на шоферството
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #6498 на: 17 Септември 2013, 18:32:20 pm »
Ајде нека биди по твое,3та-4та,а некаде и 5-та.Па ако надолу си слегувал во лер тогаш не го профаќам моментот ‘без штедење‘.Ако тие предизвик тој планински премин и надолу би стегал еаго.И молимте таму има најмалку 10 кривини каде што слегуваш до 30-40-50км/х.Ако ти при 30км/х возиш во 3-та и се обидуваш да го поминиш правецот шо побрзо треба да вратиш во 2-ра да забрзуваш подобро,пошо со атмосверски бензинец во 3-та на угорнина како шо е Галичица ке се изначеш дур стигни обртомерот над 4000 па да повлечи убаво.
Со еден збор оди кажи му на некој кој нема ниту поминато од таму,а нема ниту возено многу различни возила.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #6499 на: 17 Септември 2013, 18:36:40 pm »
Вечерва крузав низ Битола со Пасат 1.9 тди (110). 5 души во кола, музиче, лагана вожња со два - три испади. На крајот при проверка на бордот покажа дека сум вртел точно 2 часа од кога последно ја запалив колата и просечна потрошувачка во тоа време од 4.7л.

Дизел Рулз ! :)

Е фала богу свати и ти :)
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен timoha

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 79
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #6500 на: 17 Септември 2013, 20:16:28 pm »
Полтава-Украина до Велес МК 2200км. со форд 1.6тдци 90кс. 100литри нафта. :o

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14877
  • Пудингот на шоферството
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #6501 на: 17 Септември 2013, 20:18:40 pm »
Да не е многу?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3050
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #6502 на: 17 Септември 2013, 20:41:18 pm »
100/2200=0.045

0.045 * 100 = 4.5 литри на 100 км.

Не знам како ви излезе многу со еден резервар од 50 литри да поминеш 1100 км.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #6503 на: 17 Септември 2013, 21:23:45 pm »
Многу километри или многу потрошувачка ?
Таман си е се :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11105
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #6504 на: 17 Септември 2013, 21:53:05 pm »
Нешто расипано да не му е, не би требало над 4 просек да е. Евентуално ако го газел над 80-90 па заради тоа да лапнал 100 литри

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14877
  • Пудингот на шоферството
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #6505 на: 17 Септември 2013, 21:54:27 pm »
Добра е потрошувачката да го еам колку да биди.А и не верувам дека 2200км ги поминал со брзини до 90км/х,додуша можно е,јас си кажувам за мене,неможам така.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55152
  • Махер
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #6506 на: 17 Септември 2013, 21:55:39 pm »
Го газел над 80-90 убаво вика Марјанот. Изгледа не возел косиличарски.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #6507 на: 17 Септември 2013, 22:11:28 pm »
тешко некој да има нерви па да помине 2200 со 80-90. Таа потрошувачка се вади со 110-120 без проблем

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55152
  • Махер
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #6508 на: 17 Септември 2013, 22:13:26 pm »
тешко некој да има нерви па да помине 2200 со 80-90. Таа потрошувачка се вади со 110-120 без проблем
Зависи дали имаш 6та брзина. :) Ако имаш тогаш на 120-130.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #6509 на: 17 Септември 2013, 22:28:13 pm »
да, ама оваа верзија со 90кс мислам дека нема. нема ни 109 кс моделот.