Мене не мие јасна само потрошувачката преку Галичица,каде што се вози 2ра -3та,пак 2ра,па 3-та итн.итн.И тоа без штедење,колку да се знае Без Штедење.
Галичица се вози 2ра - 3та со косилица од 50-тина КС, со непознавање на патот и кривините и константно кочење на секое кривинче без прегледност.
Јас без проблем ја возам 3та - 4та, а има делови каде без проблем се држи и 5та (на делот од вклучувањето од патот Охрид - Св.Наум до првата U кривина), нормално ако не се губи беспотребно полетот со кочење пред секое кривинче.
По интензивно качување и просечна околу 11 л/100, по симнувањето пред Отешево просечната паѓа под 7 л/100, бидејќи моменталната на удолнина е 0 л/100 за над 1200 вртежи/мин на моторот при моторно кочење. На педалата за гас има потреба да се притиска најчесто само на излегувањето од U кривините.
Мене возењето на Галичица ми е задоволство и предизвик од дете. Сум ја поминал стотици пати досега со секакви коли минативе 25 години. И секогаш цел ми било тоа да го направам за што пократко време, да се знае Пократко Време.
Ако ми беше цел Без Штедење, ќе возев 1ва - 2ра, ќе кочев и на рамно и на кривина, и ќе требаше дисковите во езеро да ги ладам.
Единственото нешто што не го штедам на Галичица се гумите. Оригиналните Good Year NCT 5 (особено нивните искасани бокови) се живи сведоци на патешествијата по раздробениот планински асфалт.