Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Јас викендов два пати до Дојран бев, стрелката за гориво едвај милиметар дали мрдна. Imas regular boca ili kaj rezervno trkalo? Plin mislev, znam deka ti e rezervoarot 72 litri benzin.Што ти е плин... светска работа
Мислам дека пред летово треба да се одлучиш на таков чекор. А воедно и да побараш мало резервно тркалце и кит за поправање гума кој лежи во дупката од малото тркалце.
Сите автомобилски компании „забушаваат“ со официјалните податоци за потрошувачката на горивото, но некои се побесрамни од другите. Според истражувањето на Интернационалниот одбор за чист транспорт (ICCT), производителите во просек пријавуваат 25 проценти поповолни резултати од реалните.Покрај тоа во последните десет години, разликата меѓу пријавените и вистинските резултати се зголемила за десет проценти.Извештајот е базиран на резултати од повеќе од половина милион приватни и службени автомобили и покажува дека возилата на BMW имаат најголема разлика од 30 проценти меѓу декларираните и постигнатите резултати за потрошувачката.Зад оваа компанија се наоѓа Audi со 28 проценти разлика, а веднаш потоа на третото место е Mercedes со 26 проценти. Најверодостојни податоци за потрошувачката покажале јапонските производители, па моделите на Toyota отстапуваат 15 проценти, а добри се и француските модели како Renault, Peugeot и Citroen кои имаат отстапки од 16 проценти.Германските производители тестирањата ги вршат во лабораториски услови за да бидат сигурни во резултатите, па тоа го посочуваат како причина за разликата во потрошувачката во реални услови.Сепак ICCT објаснува дека производители користат финти како покривање на отворите меѓу панелите на каросеријата на автомобилот, или тестирање на надолнина, а ги спомнуваат и надворешните фактори како зголемената употреба на клима уредите во автомобилите.Европскиот парламент во моментот се обидува да воведе нова унифицирана процедура за тестирање која би требала да се спроведува од 2017 година, но некои европски влади се спротивставуваат на таквите планови и бараат одложување до 2020 година.[/quote/изворhttp://kajgana.com/koi-avtomobilski-brendovi-najmnogu-zabushavaat“-za-potroshuvachkata
ЦитатНајверодостојни податоци за потрошувачката покажале јапонските производители, па моделите на Toyota отстапуваат 15 проценти, а добри се и француските модели како Renault, Peugeot и Citroen кои имаат отстапки од 16 проценти.
Најверодостојни податоци за потрошувачката покажале јапонските производители, па моделите на Toyota отстапуваат 15 проценти, а добри се и француските модели како Renault, Peugeot и Citroen кои имаат отстапки од 16 проценти.