Колку што се сеќавам твојата нова 147 е дизел 
п.с. во кој столб се осигураш ти
Во солучајов за жал не можев да бирам она што сакам, но ако купувам нова кола секако ќе бегам од дизел. Мој прв избор за кола на старо беше Stilo 1.4 16v (ако некој мисли да купи ваков ќе му кажам се што треба да знае). Од Алфите преферирав 1.6 120 KS. Ама кога купуваш кола на старо многу други есапи се во игра. За моја несреќа во изборот оваа најдобро помина на сите евалуации, моја, на Симо, Аутомобиле СК.
Тоа е, во случајов не бирав само модел туку целосна состојба на колата со процена за торшоци на одржување во наредна година.
Да бирам нова кола секако нема да дадам 1,500 ЕУР повеќе за дизел мотор со исти карактеристики ако треба сам да го одржувам.
За ова имам повеќе причини:
-Дизелите се одвртни за возење, смрдат, бучнни се, вибрираат и обртниот момент освен што некому му изгледа дека „тегне“, не дава можност за уживање во возењто (возење не е тегнење), а реално е затоа што многу малце линеарност има во порастот на обртен момент (голема стрмнина кратко трае). Новите бензинци(турбо) во суштина имаат одлични карактеристики. Совршена еластичност, мазно забрзување во целиот опсег на вртежи (мерцедесот имаше ист обртен момент од 1200 - 5500 вртежи) и тоа многу убаво се контролира во возење. Оди со дизелов направи промена на брзина надолу без да гледаш во обртомер.
-Големиот обртен момент го поскапува преносот. Усложнети спојки, замаец. Повеќе се јадат гумите (и поради тежина на моторот).
-Механизмите за вбризгување на гориво, самозапалување и останатите пропратни елементи се многу посложени, баш поради фактот дека нафтат не можеш да ја запалиш. Од самиот факт на сложеноста на тие механизми (претежно механички) секое нивно расипување значи скапа поправка.
-Дизелите можат да го согорат сопственото уље како гориво (нафта). Поради тоа се појавуваат случаи на "runaway engine". Ова тешко со бензинец. Кај нив ако нема струја нема палење одма ќе застане.
-Поради посложените мотори целокупните мотори се многу потешки од соодветно силните бензински во генерација. Тоа има две многу битни карактеристики во динамичките својства на возењето. Предниот дел е тежок, поголеме притисокот на тркалата при тргнување и кочење, динамичките својстава на вртење го тераат носот да бега.
-Циклусот на редовно одржување е пократок. Вообичаено 10kkm, додека кај бензинците мин 15 kkm, во комбинација со цената на потрошниот материјал (на пример филтерот за гориво за дизелите е многу посложен бидејки ја отстранува водата, во бензинот механички честици само) го прави есапот многу не поволен.
-Вибрациите со тек на годините се влошуваат, со тоа и крцкањето на пластиките, диоптерот на вашите очила и срцевите маани за ко би тужеле работодавец доколку работите во усслови со таки вибрации.
-Покрај се ова сите оние што имаат EURO 4 дизели со DPF не ка си ги проверат сервисните статистики колку често се менува овој дел ( колку почесто од катализатор кај бензинците) и колку е цената занивното возило.
Би сакал дискусијата да не се преточи во натегање. Јас ги кажувам моите преференци и моите искуства.
Минатата година правевме тестирања на коли од повеќе категории и на рсполагање по 24 часа ги имав следниве возила:
Opel Insignia 1.6 Turbo 180ks
MercedesBenz 180 CDI mk1 (mislam deka beshe 9x KS me mrzi da baram)
Alfa Romeo Giulietta 1.4 turbo 120KS
VW Pasat 2.0 TDI
BMW 320d 170 KS
Mercedes Benz C 220 CDI
Honda Accord 2.0 155 KS
FordMonedo 2.0 TDCI 143 KS
Lancia Delta 1.4 Turbo
Покрај овие возила она што го имам опробано подогло време се:
Pasat 1.4 TSI 120 KS
Audi A3 Sportback 1.4 TSI 120 KS
Уште пред да се решам да гонарачам Mercedesot јасно ми беше дека турбо бензинците се дифинитивно вистиоснкиот избор на мотор за современа кола. Опелот и Алафата вистински ме замислија колку всушност се лишуваме од задоволсто во возењето купувајќи скапи дизели кои малце трошат. Дури и онаој Pasat so 120КС одлично си тераше низ град. Далеку подобро од Hondata која требаше да си упорен да ја натераш да пушти малце снага.
Секако BMW и Mercedes во компактен седан би бил мој прв избор но нема да платам за дизел мотор.
Значи вие пробајте и не се ограничувајте на кругче на обиколница, тоа не е тест возење.
P.S. ептен ми е јасно во каков ризик влегувам но примероците на коли кои ги изгледавме со Симо не ни даваа особен избор. Јас се надевма за 2г да ја сменам. А до тогаш дека нема да го употребам мојот „столб“