Скопје-Валандово = екстремни услови не се гледаше прст пред око. Масивен дожд, езера по патот, акваплејнинг на места, многу тешко. Брзини 130кмч (~10кмч н.д.б.) Потрошувачка 8,6л/100км автогас.
Валандово-Солун-Скопје = добри временски услови. Брзини од ~30-50кмч н.д.б. (130~160 зависно). Со кратки испади над тоа. Само кај Велес, масивните кратерски вулкански и пред се срамота за пред народ - дупки, возено 100кмч. Потрошувачка 7,6л/100км автогас и некое грамче бензин (0,5/100кмч) чисто да се издува колата над 5000рпм.
Одлично се покажа возилото. Потрошувачката исто така. Новото озвучување исто. Сакав да видам онака реална потрошувачка при оние нормални автопатски возења, без никакво штедење или лигавење по патиштата. Задоволен од постигнатото. И повеќе то тоа.