Еве и јас да го пренесам моето одморско искуство со потрошувачката. Патот е Скопје, Лефкада, Солун и пак Скопје. Значи тргам јас од дома со скроз празен резервар (покажува уште 20тина км за возење) и на излез на ЛукОил пунам до врв односно 39 литри за 2900 денари а киломтрежата е на 45235 км. На излез од МК нормално турам дизел додеку е уште ефтина тарифа и му викам на типчето до врв и он ми наточи за 400 денари односно 5,39 литри а километражата е 45393 км. Ци викам WTF!?!?!?!? Излегува 158 км со 5.39 литри односно 3,4 л/100км што е невозможно. Ова природно се надоврзува на тестот со патото до Куманово и полнење на резервар до капаче, очигледно капашето не е секогаш на исто место
Наредно полење на излез од автопат за 20 евра односно 12,6 литри а километражата е 45688 км. Дотука 99% беше автопат и многу cool, понатака станува регионален пат а после тоа и почнува Лефкада каде патот е планински и многу напорен. Искрено многу ми беше жал за колата ние тројца во неа (260+ кг) плус куфери, плус пазарено од лидл... едвај стигнав до Василики најчесто во втора а неретко и во прва со чести застанувања ради грешење на пат и барање на сместување. Неколку дена така низ островот и наредно полнење на враќање пак на истата бензинска овојпат за 10 евра односно 6,3 литри. Солун, Космос, ИКЕА... на граница ми вика уште 157 км до Скопје а гориво уште за 158!!! Викам ке стигне... после некое време разликата се зголеми, али да спијам помирно (односно да возам помирно) решива да турам уште за 502 денари односно 6,83 литри. Комотно тврдам дека со тоа гориво ке стигнев до Скопје што би значело 1450 км со 63,29 литри односно 4,36 л/100км. Да не беше таков напет патот на лефкада мислам дека ке бев многу блиску до 4 литри. Просекот сосе последните 6.83 литри (од кгоа се вратив извозев уште 100тина км низ Скопје) би бил 4,52 л/100км. Во град троши околу 6л.
П.С. Еве како денес упаднав на бензинска иако сакав да чекам во понеделник пошто ке падне цената.
П.П.С. Бев паркиран у косо иначе имав за уште 40тина км.