Само што бев од Влае до Припор и назад (морав да зеам нешто, јебига). Излегов од Влае во 16:15, бев назад во Влае во 17:00. Рута од Влае по Партизанска до Центар, низ Рекорд, низ Кисела Вода, кај последна 24ка и до Припор карши сервис Митревски и назад по истата релација.
Го фатив зелениот бран и на одење и на враќање, функционира ~95%. На Партизанска два пати чекав по 10 секунди на семафор, другите ги пројдов мање-више без ич чекање. Стоев на семафор кај Билна Аптека и на одење и на враќање по минута и нешто. Просечна потрошња според борд, со пуштена клима - 6.4.