Во вторникот извозев рута обиколка на Македонија која е во правец Скопје-Тетово-Гостивар-Дебар-Струга-Охрид-Ресен-Битола-Прилеп-Градско-Гевгелија-Богданци-Дојран-Струмица-Берово-Делчево-Македонска Каменица-Кочани-Пробиштип-Кратово-Куманово-Скопје
Ресетирана километража на на излез кај Сарај и до источна страна на влез на Скопје вкупно поминати 782 км.
Градска километража само во следниве градови: Дебар, Охрид, Ресен, Прилеп (тука го ставам и Дојран, таму правев пауза за јадење), Струмица (додуше повеќе транзит е тоа како и Струга), Делчево, Каменица, Пробиштип и Кратово.
Вкупно времетрање на активно возење од почетна точка излез кај Сарај до влез кај Хиподром 11 часа и 8 минути.
Просечна брзина на движење 70 км/ч.
Просечна потрошена количина на бензин 100 октанско од Макпетрол 7.4 литри на 100 км.