Интересна директна споредба од вчера.
Релација Велес - Солун - Велес, околу 400км вкупно и 2 часа стоење во место на граница (хаос беше, а не беше ни ЕЕЅ активиран, тешко нас летово!), возено со темпо 110-140кмч и постојано еден зад друг.
- 2017 Honda Civic 1.0 Turbo 129hp 5.9L/100km,
- 2019 Renault Captur 0.9tce 90hp 6.8L/100km.
Sent from my SM-S938B using Tapatalk
Сосема очекувано, Каптурот е мини сув или што и да е, не е аеродинамичен како Цивикот, тежина не знам како, ама веројатно е занемарливо на автопат, ама моторот сигурно идел на поголеми обртаи него ли твојата. Да сте возеле до кај 100, веројатно исти ќе сте биле, али тоа е самоубиство.
Заради овој момент полека се откажувам од идејата за Сув, пеналот на отворено поготово во Германија каде често возам во темпо меѓу 130-150 ќе биде огромен и годишно ќе идат прилично повеќе пари за гориво за СУВ место за лимузина.
Прв избор ми беше до вчера Mazda CX-5, највеќе простор за патници позади и стварно убаво изгледа и внатре и надвор, ама од сабајлево почнав да барам VW Passat B9 2.0 TDI.