Не е за во темава ама ќе ти одговорам. Во западна Македонија немам возено многу и не можам да кажам како е.
Во источна Македонија ги имам возено сите тие патишта по многу километри и пак си стојам на кажаното дека знаците се реални и одговараат на условите на патиштата. Можеби со 10ина% одозгора како безбедно пречекорување на брзина од дадениот знак и не верувам дека ќе имаш некакви проблеми.
Штип - Крупиште - Облешево имаш само две места кадешто можеш да возиш побрзо (во отсечка од два до четири километри) заради рамница. Ама имаш многу трактори, велосипедисти и други бавни возила кои незнапно излегуваат од нивите. Јас сум возел таму и 100+, ама со тек на време најпријатно темпо е 70 до 80. Облешево - Кочани - Виница имаш само едно место (тоа што минува покрај Кочани и вози до клучката кај Оризари во отсечка од четири-пет километри кадешто можеш да возиш 90-100, ама имаш три-четири приклучоци (плус уште два три неофицијални од земјен пат).
Истибања до Каменица има само едно место кадешто можеш да возиш брзо. Тоа се три моста еден до друг покрај Калиманци. Се друго е кривини со голем број можности за одрони. Испрекинатите линии се дадени да престигаш бавни товарни возила кои се движат со 10-20-30км/ч. Од Каменица до Делчево имаш само две благи (релативно прегледни) кривини и рамницата пред Делчево кадешто можеш да престигаш. Другото е држење темпо и лабавење.
Скопје - Велес има само едно место кадешто знакот изгледа нелогично.... Катланово - Макпетрол бензинската со 80. И приклучокот ако не ти се плаќа патарина. Затоа 80 ограничување е доста логичен знак затоа што има многу меѓу нас кои се уфрлуваат на секој возможен начин од секаде.
Велес - Скопје не е пушка прав. Кога се пушташ од кај Лозово на клучката има блага кривина на лево, па пушка право е околу 2 км, после иде блага кривина на лево покрај Езерото Младост и комбинација од два моста па се до Отовица. Влажно, коловозот се стеснува на двата моста во кривина. Ако возиш со 10%плус веќе си во 120км/ч. После патарина е кривина на десно и угорница и најгоре кај Македонија Пат базата се стеснува патот од три во две ленти. Кога се качиш на врвот спуштањето е секогаш со кривини и удолници се до тунелот кај Катланово. Реално можеш да возиш побрзо откако ја поминеш кривината после тунелот (а таму е и знакот 130 ако се добро сеќавам).
Росоман Прилеп и обратно патот е многу тежок за возење поради камиони, автобуси, трактори (барем за мене е секогаш бил тежок за возење. Веројатно затоа што го имам возено летно време - Мај - Септември). Има еден куп села, приклучоци и слични препреки на патот. Таму најрамно/најлесно за престигање и возење малце побрзо ти е од Автопат до Црна Река бензинска - неколу км пред приклучокот од кај Кавадарци. Ама има многу трактори.