Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 2054186 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5076
  • The Spartan General
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16185 на: денес во 08:31:26 »
Не е за во темава ама ќе ти одговорам. Во западна Македонија немам возено многу и не можам да кажам како е.

Во источна Македонија ги имам возено сите тие патишта по многу километри и пак си стојам на кажаното дека знаците се реални и одговараат на условите на патиштата. Можеби со 10ина% одозгора како безбедно пречекорување на брзина од дадениот знак и не верувам дека ќе имаш некакви проблеми.

Штип - Крупиште - Облешево имаш само две места кадешто можеш да возиш побрзо (во отсечка од два до четири километри) заради рамница. Ама имаш многу трактори, велосипедисти и други бавни возила кои незнапно излегуваат од нивите. Јас сум возел таму и 100+, ама со тек на време најпријатно темпо е 70 до 80. Облешево - Кочани - Виница имаш само едно место (тоа што минува покрај Кочани и вози до клучката кај Оризари во отсечка од четири-пет километри кадешто можеш да возиш 90-100, ама имаш три-четири приклучоци (плус уште два три неофицијални од земјен пат).

Истибања до Каменица има само едно место кадешто можеш да возиш брзо. Тоа се три моста еден до друг покрај Калиманци. Се друго е кривини со голем број можности за одрони. Испрекинатите линии се дадени да престигаш бавни товарни возила кои се движат со 10-20-30км/ч.  Од Каменица до Делчево имаш само две благи (релативно прегледни) кривини и рамницата пред Делчево кадешто можеш да престигаш. Другото е држење темпо и лабавење.

Скопје - Велес има само едно место кадешто знакот изгледа нелогично.... Катланово - Макпетрол бензинската со 80. И приклучокот ако не ти се плаќа патарина. Затоа 80 ограничување е доста логичен знак затоа што има многу меѓу нас кои се уфрлуваат на секој возможен начин од секаде.

Велес - Скопје не е пушка прав. Кога се пушташ од кај Лозово на клучката има блага кривина на лево, па пушка право е околу 2 км, после иде блага кривина на лево покрај Езерото Младост и комбинација од два моста па се до Отовица. Влажно, коловозот се стеснува на двата моста во кривина. Ако возиш со 10%плус веќе си во 120км/ч.  После патарина е кривина на десно и угорница и најгоре кај Македонија Пат базата се стеснува патот од три во две ленти. Кога се качиш на врвот спуштањето е секогаш со кривини и удолници се до тунелот кај Катланово. Реално можеш да возиш побрзо откако ја поминеш кривината после тунелот (а таму е и знакот 130 ако се добро сеќавам).

Росоман Прилеп и обратно патот е многу тежок за возење поради камиони, автобуси, трактори (барем за мене е секогаш бил тежок за возење. Веројатно затоа што го имам возено летно време - Мај - Септември). Има еден куп села, приклучоци и слични препреки на патот. Таму најрамно/најлесно за престигање и возење малце побрзо ти е од Автопат до Црна Река бензинска - неколу км пред приклучокот од кај Кавадарци. Ама има многу трактори.



Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1226
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16186 на: денес во 08:31:35 »
Тука да се надоврзам, зошто на „пистата“ од Катланово до влез на Скопје, реконструирана делница што ја чекавме 3-4 години конечно да ја завршат, чист правец, ограничувањето е 80 км/ч?

За да се залетаат луѓе пошто е право и ново и оп, радарче. :)

Каква глупост е тоа... Единствена здрава, квалитетна делница од тој автопат освен делот после Демир Капија и 80 е ограничено.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6857
  • Бенве сие бенве
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16187 на: денес во 08:38:26 »
Шо да праиме моабет за лимит на брзина и логичност на знаци кога 90% од возачите се неписмени. Не знаат да се уклучат на автопат, а не да возат по него.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6857
  • Бенве сие бенве
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16188 на: денес во 08:39:36 »
Тука да се надоврзам, зошто на „пистата“ од Катланово до влез на Скопје, реконструирана делница што ја чекавме 3-4 години конечно да ја завршат, чист правец, ограничувањето е 80 км/ч?

За да се залетаат луѓе пошто е право и ново и оп, радарче. :)

Каква глупост е тоа... Единствена здрава, квалитетна делница од тој автопат освен делот после Демир Капија и 80 е ограничено.
Пред исклучокот за скопје е дупки и набран е асфалтот уште пред официјално да го пуштат.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1816
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16189 на: денес во 09:50:30 »
Шо да праиме моабет за лимит на брзина и логичност на знаци кога 90% од возачите се неписмени. Не знаат да се уклучат на автопат, а не да возат по него.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Што е тоа забрзување во најдесна лента?! Одма се оди во средна со 40км/ч.

Еве пример овде https://maps.app.goo.gl/8fW1asMLJ6SZ4ZgL8 (после патарина Петровец во правец накај Скопје) си возиш 100-120 во средна лента и редовно има некој што се приклучува директ во средна лента. Не знам како воопшто не размислуваат да пробаат барем до кај 80-90 да забрзаат во најдесната лента.

После многу дешавки на вакво приклучување, кога наближувам овде одам во лева лента за да ги избегнам камиказиве. Но при тоа треба да се внимава да не има некој залетан од позади со 160, оти е пистата тука, и така...

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1900
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16190 на: денес во 10:24:01 »
Следниов период треба демир капија да идам, кај катланово уште е 80 огранучување иако го направија патот?

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6857
  • Бенве сие бенве
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16191 на: денес во 10:24:29 »
80 е затоа што нема лента за забрзување


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 202
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16192 на: денес во 10:54:49 »
За овие патишта што ги имаме овие брзини се премии.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2842
  • Слобода или смрт
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16193 на: денес во 11:08:42 »
Во источниот дел неможе да се најде некоја поголема замерка на патиштата во моментот. Веќе не е толку проблем во патиштата колку во немањето сообраќајна култура. За некои работи треба да бидеме самокритични.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10208
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16194 на: денес во 11:23:34 »
Апсолутно точно!
Се нема сообраќајна култура.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6857
  • Бенве сие бенве
Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16195 на: денес во 11:31:24 »
Во Шведска е многу добро решено но е скапо. Затоа што е со нал број на население, а е голема има само 2 - 3 главни автопати. Другите “експресни” патишта се решени така што има стубчиња со челични сајли, и 2 ленти се дупли за да се претекне побавно возило, додека спротивната е единечна, потоа се менува, и секои 2-3 км така, од 1 во 2 и обратно. Си има СОС од страна на секои 500м од прилика за да има проток ако настане дефект или гума се дупне и тоа е. Никогаш не ми пречело а сум поминал над 3-400000км на таа територија. Ако најдам некоја слика ќе пуштам, нека премести админот во соодветна тема.





Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1900
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16196 на: денес во 11:37:39 »
Ова е убаво решение за експресниве патишта башка многу по безнедно од камикази е, а дали е скапо па не знам гледам од десно и лево нема банкина само средишна на нашиве ексрепсни колку што знам има од лево и десно ако се анулира таа ке дојде есапот ист

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2842
  • Слобода или смрт
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16197 на: денес во 14:55:43 »
Не мора да одиме до шведска. Вака е делот од Благоевград надолу кон Грција низ клисурата некои 40тина километри кај што нема автопат.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6857
  • Бенве сие бенве
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16198 на: денес во 17:13:43 »
Не е вака, таму се пластични стубчиња од Симитли до Кресна.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5076
  • The Spartan General
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #16199 на: денес во 20:13:33 »
Не мора да одиме до шведска. Вака е делот од Благоевград надолу кон Грција низ клисурата некои 40тина километри кај што нема автопат.

Додека живеев во Бугарија тој пат го возев барем три пати месечно и го знам уште од времето кога го реновираа/санираа (иако и сега му е дојден пак редот за санирање). Тој пат беше ужасен за возење поради некултура и камикази. Таму за прв пат во мојот живот помагав со хебли да разделиме сплескани коли затоа што колоната беше огромна од двете страни, а ние немаме нит култура нит навика да правиме лента за спасување за спасувачките екипи и не можеа да дојдат пожарникари и брза помош. Колку само камикази со самоубиствени намери имаше на престигање. Последен пат кога возев низ Кресненското дефиле ги видов пластичните стубчиња кои се платени реално со крв и жртви кои бројат преку стотина на тој фамозен Е79.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.