Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 1991149 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15675 на: 25 Октомври 2023, 21:26:39 pm »
Да знаеш Форд Транзит се доста поекономични спрема другите конкуренти.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15676 на: 29 Октомври 2023, 10:08:47 am »
На почетокот на октомври се прибрав до Македонија и се вратив пред една недела, ама дури вчера наполнив гориво и ги порамнив сметките.
Возено само на автопат (Магистрален пат Штип-Радовиш и околу 30км во Словенија).

Во Германија возено колку дозволуваат условите (генерално 150-170 кај што беше слободно, кај што имаше ограничувања +20 од ограничување). На враќање, последните 200км не можев да се концентрирам да возам брзо и оставив на адаптивен темпомат со 130км/ч во релативно густ сообраќај.
Во Австрија по знаци (работа на пат 80, тунели 100ка, инаку 130).
Во Словенија 130-160.
Во Хрватска 140-150.
Во Србија 140 на темпомат.
Во Македонија 140-160 на Табановце - Штип. Штип-Радовиш 110-120.

Поминав 3620км со 215 литри гориво и просечна брзина 110км/ч (вклучува стоење на граници, патарини, паркинзи,  затоа што не ја изгасив никаде за да има клима/парно). Бордот викаше 5.6л/100км, на пумпа вика 5.96л/100км. Јас сум генерално задоволен (освен од летните гуми). На студено време и побрзо возење не се баш удобни и тивки. Нека се истрошат ќе ставам гуми за патување, а не спортски гуми.

Инаку, на одредени делници кадешто вози 140-170 потрошувачка од 7-8л/100км се појавува на борд компјутер и во реалноста. Ама ако возиш лабаво до 130км/ч и има сообраќај и ридест терен за рекуперација потрошувачката се спушта на околу 5-5.5л/100км.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15677 на: 29 Октомври 2023, 11:01:43 am »
Еврибади генста, се до австриски радар.  :)

Лукашин, колку троши град?
За толкава крстаречка ракета, плус, верувам добро товарена, а и добро "газена" одлична бројка си извадил.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15678 на: 29 Октомври 2023, 11:45:34 am »
Битола - Скопје



Доста гужви и камиони, пауза за малите на Црна Река 10-тина минути.

Since refuel оти уствари Охрид - Битола (ја танкирав) - Скопје. Од Охрид 4.4л/100км - 234km

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5927
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15679 на: 29 Октомври 2023, 11:49:49 am »
Wow. Плетвар во лер да не го качуваше?
Бензинец е?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15680 на: 29 Октомври 2023, 11:52:30 am »

Еврибади генста, се до австриски радар.  :)

Лукашин, колку троши град?
За толкава крстаречка ракета, плус, верувам добро товарена, а и добро "газена" одлична бројка си извадил.

Ме мрзи да закачувам слики, ќе пишам од МуТ апликацијата од вчера (ја носев на перење, а после бев и на пазар со неа). Штутгарт и околината е ридест, ограничување во град е 40км/чм, има еден булевар/магистрален пат со ограничување 60/70/80 кој е преполн за викенд и се вози често само со 60-70 и многу забрзување и кочење.

1. Студена (темп околу 10степени). Извозено 6.2км, просечна брзина 13км/ч, потрошувачка 7.7л/100км, 75% од времето на струја, 47% од извозените километри се на струја.
2. Исперена и загреана. Извозено 16.1 км, просечна брзина 35км/ч, потрошувачка 4.3л/100км, 56% од времето на струја, 38% од извозените километри се на струја.
3. Враќање од пазар. Извозено 12.4км, просечна брзина 25км/ч, потрошувачка 4.6л/100км, 71% од времето на струја, 48% од извозените километри се на струја.

Првото палење на студено време и пуштено парно е највисока потрошувачката. После, откако загрее моторот кај мене се врти градската меѓу 4-5л на 100км. Тоа вклучува и малце поагресивно тргање на семафор (почна на несакајќи на почеток, а сега пошто ми прави ќеф инстантното тргање на струја си ја подгазнувам и после едрам за да оддржувам брзина). 
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15681 на: 03 Ноември 2023, 00:28:07 am »
Извозено 3470км Мк-Инсбрук-Салзбург-Линц-Виена-Будимпешта-Мк

Со градска во инсбрук, салзбург,виена и будимпешта низ центри на градовите.
 
Потрошено 158л нафта, некако не ми се совпаѓа математика со борд али со некоја децимала тука е некаде.





Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15682 на: 10 Ноември 2023, 07:35:06 am »
Синоќа се пуштив до Дојран. Од Дома низ цел “град” до Гранико.

Низ град е една улица и таа е раскопана и во реконструкција. По автопат 120 на темпомат, од исклучокот до Дојран како што налага патот, над знаци но лабаво возење.


Од Гранико до дома преку Струмица. До Струмица возено како што налага патот (пак над знаци). Кога бев на лукоил на излез од Струмица потрошувачката беше 5,8. До Радовиш околу 100кмч потоа 110 до три чешми. Од тука 130 до исклучокот за Велес кај Св. Николе. Од таму 100/110 до Велес. Низ град немаше гужва беше касно.






Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15683 на: 10 Ноември 2023, 08:32:13 am »
Југославија ја црташ, бе?!
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15684 на: 10 Ноември 2023, 09:07:37 am »
Извозено 3470км Мк-Инсбрук-Салзбург-Линц-Виена-Будимпешта-Мк

Со градска во инсбрук, салзбург,виена и будимпешта низ центри на градовите.
 
Потрошено 158л нафта, некако не ми се совпаѓа математика со борд али со некоја децимала тука е некаде.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Sent from my iPhone using Tapatalk
koe volvo i so koj motor?

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15685 на: 10 Ноември 2023, 09:21:41 am »
V40 d2 1.6 возено 95% по знаци и по дожд


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3778
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15686 на: 10 Ноември 2023, 09:34:30 am »
На Спортажот можеле да стаат уште една линија со инфо за просечна брзина да не мора на дигитрон да делиме, као пет линии код им требаат плус :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15687 на: 10 Ноември 2023, 09:38:54 am »
Wow. Плетвар во лер да не го качуваше?
Бензинец е?

@nestor04 1.5 TSi - 150 :)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15688 на: 15 Ноември 2023, 20:35:08 pm »
Дечки, деновиве пробав да ја возам колата како малолитражен ТБ, тоес да возам дефанзивно и по знаци или под нив и стварно се изненадив од бројките што ги добив.
Да имам пракса во такво возење и искуство верувам ќе успеев да симнам уште некоја децимала.
Сликава и потрошувачкава се од релација Велес - Скопје, да имав живци и Скопје - Велес да го возам со исто темпо верувам ќе стасав до 5.0л/100км.


Да живеат малолитражните ТБ :D
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7077
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #15689 на: 15 Ноември 2023, 21:51:21 pm »
Дечки, деновиве пробав да ја возам колата како малолитражен ТБ, тоес да возам дефанзивно и по знаци или под нив и стварно се изненадив од бројките што ги добив.
Да имам пракса во такво возење и искуство верувам ќе успеев да симнам уште некоја децимала.
Сликава и потрошувачкава се од релација Велес - Скопје, да имав живци и Скопје - Велес да го возам со исто темпо верувам ќе стасав до 5.0л/100км.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Да живеат малолитражните ТБ :D
Ова е со леонот така?  :)