Има една и вика,живеам во град каде што сите знаат повеќе за мене отколку јас самиот.За тука ке речам,повеќето се експерти и подобро знаат за потрошувачката на другите возила,отколку самите сопственици.
И јас имам стигнато до 12 литри потрошувачка во град,ама со 1 брзина гаст цигла,втора гаст цигла до 60-70 км стигни и кочи,и пак така.За во зимо точно е се согласувам со нормално возење во град дека тди троши 9 може и нешто повеќе литри,зборувам за кавадаречка градска каде што повеќе од 50 км/ч не можеш да возиш и на секои 200-300 метри има раскрсница или дупка,па ставаш прва па втора додека си ставил 3 кочиш.Но во лето се намалува за 1 литар потрошувачката и се движи околу 8 зависи од возење.А на отворено со нормално возење толку е од 5,5 до 6,5 зависи каде и како возиш.
И да се надоврзам за покажувачот на гориво.
Како и да покажува,од фул резервоар до резерва тоа гориво е,нема лага,толку км се,толку литри се.И не знам за другите покажувачи но кај мене ниту стрелката осцилира како луда,само е малку бавна,треба на рамно место(во гаража) да постои 1 мин и да покажи колку е.Не знам зошто ги ставале тие бројки од 1/2 на пола покажувач и 1/1 на фул ако не е така.