Јас колку што приметувам во Кавадарци е понеисплатливо да возиш кола него у Скопје 
Па како шо беше каано, тргни 1, 2, 40км/х и кочи дупка, ај пак прва и макс должина на дестинација е 2км и како нема да скока потрошњата...
Скопје има семафори по гужвата ама ако го возиш Скопје плански и ако имаш можност некои рути да ги избегнеш си тераш 4 со 60км/х...
Потврдивме, да. Само негледам причина да палам кола за 2-3 километри
Еее да си ми жив и здрав, оди докажи му на нашиве, се ни е до газот тука а коа се завозеле тоа колите... Holly-fuckin-wood

Јас во Кавадарци скоро и да не ј авозам Либрата и заоа не знам колку троши градска, шурата позади собрание живее и пали кола за на пазар а паркира после пазарот, математика хаос

туку секој со своето...
Потврдивме, да. Само негледам причина да палам кола за 2-3 километри
Колку различна психологија имаме значи, чудо! 
Во Скопје би одел секаде пеш, само за да ги избегнам гужвите, па макар и 10 километри пат нека е. Во Гостивар, и 3 километри до другиот крај на градот се многу, па палење кола е обавезно. Ептен интересно 
Пред 2 недели кога бев за Скопје во Аеродром-Бисер си ја оставив колата, завршив работа и со бус до центар, нејќам да се замарам со паркинг и остало...
Кавадарци пешки нон стоп...