Многу многу многу сакам вакво камри во гаража
Паркирај и не ја мисли многу многу.
Се супер освен моментот што без пауза за дремка бар си возел.
Ти го го разбирам поривот за што побрзо да си дојдеш ама пак, уморот од возењето пак ќе дојде кога ќе стигнеш.
Обично (во не Ковид време) правиме пауза некаде во Словенија/Хрватска со АирБнб или хотел и мал престој/шетање/итн. Ама лани и оваа година зимата условите се помалце страшни и не ми се ризикува да фатам нешто успат и да го донесам дома кај моите и еве по втор пат ја возам рутата без поголема пауза.
Тојотата многу помалку изморува од Фокусот што го имав. Автоматикот и активниот темпомат во комбинација со системот кој те држи во лента е милина за возење. Секогаш си закован во средина на лента и секогаш намалува/забрзува на време. Ако нема многу гужва, возењето и заморот се сведува на минимум.
Џам отворен, нешто телефонот е или многу бучна е тојотата внатре на релативно ниски брзини, да не речам побучна од кај мене ми се осеќа.
Телефонот е... Сега кога го изгледав на компјутер и јас си го помислив истото дека е многу гласно. Во делот кога од 140-130-120 па се до поминување на тие куќичките за патарини вози целосно на струја а се слуша некоја голема бука ( а уствари е речиси безшумно и без бука во кола).