Милентије, многу брзо читаш, што недочитуваш.
Со MyT аплликацијата и ConnectedServices ми вади податоци на секое патување (палење/гасење на колата).
Твоето сценарио е незвоможно затоа што има мала батерија од околу 1.5киловати кои речиси никогаш не ги полни до крај, ниту ги празни до крај. Реално имаш ефективни околу 0.6-0.9киловати (според моја преценка, затоа што да речем за еден километар се потребни од 250 - 450 вати, а оди околу два километри на струја). Хибридниот систем постојано полни и празни дури и кога двата мотора работат заедно и електро моторот помага при забрзување и оддржување брзина и многу често одлучува да вози чисто на струја 200-300-500метри-1км. И метар по метар се собираат чисто на струја извозени километри.
Живеењето со хибирд емоментот кој многу често го забораваат тие што возат хибрид на тестови, или едноставно времето е прекратко да се долови колкава работа уствари врши моторот на струја во оддржување високи брзини. Многу често се наоѓам во ситуација на рамница или блага удолница со темпо 150-160км/ч и престанеш со забрзување (со минимално подигање на педала на гас) и крузаш околу 2-3км со таа брзина и смешна моментална потрошувачка од 4-5л/100км. Па прецениш како ти излегува некој да престига/уште поголема удолница, отпушташ педала на гас и кочиш благо за регенерација (не со гуртни) и намалиш до 110-120 поради услови на пат.
Ја поминуваш препреката, натепуваш гас и забрзуваш ем со бензин ем со соберената енергија од регенеративното кочење докај 150-160, пак подигаш лесно нога од педала на гас и возиш во хибриден модус и така до наредната препрека што сигурно ќе излезе во наредните 5-10км. И така ем си динамичен, ем потрошувачката е смешна со 5-6л/100км. Дополнителен бонус е што кочењето уствари не те нервира, туку знаеш дека собираш струја до наредниот спринт до 150-160.
Па дојдат два шлепери да се престигаат, па додека трае маневарот се околу две-три минути, и ако го забележиш оддалеку отпушташ гас и додека помине маневарот цело време си на струја. Па дојде удолница и ем возиш 130-140 ем рекуперираш енергија.
Дојде градилиште/работа на пат, па возиш 80-100 комплетно на струја.
Дојде угорница, оддржуваш брзина, а самиот хибриден систем го држи моторот во оптимални вртежи и додека искачуваш угорница обично полни батерија пола од времето, другата половина ја користи струјата за да го потпомага бензинскиот мотор.
Инаку, ниеден пат не е 100% рамен и празен во Јужна Германија, а богами нит во Австрија, Словенија. Унгарија/Хрватска/Србија имаат нешто порамни автопати во Славонија, Војводина, Панонската рамнина. Ама и таму со динамично и ефикасно возење со 130-160 никогаш немам извадено повисока потрошувачка од 6.5/6.6л на 100км.
Еве го возењето по автопат. 20% од времето на струја, 12% од километрите на струја.
Еве едно кога ја прибрав невестата од работа. Возено низ гужвите и ридиштата на Штутгарт на -2 степени и незагреана кола. Кога е незагреана моторот работи првите 2-5километри додека целосно не загрее.
Еве едно релакс враќање од пазар низ град без гужва (паркирана во гаража и не беше комплетно изладен моторот).