Миле.. не се филмај
BTW, во денешни услови, не успеав да го постигнам фабричкото декларирано за минимална потрошувачка на отоврен пат.
Мерено од Лукоил кај Систина, до Десарет и назад.
Ск-Те и обратно 120км/ч
Те-Гв и обратно 100км/ч
останатите патишта ги возев со 60-90км/ч
За жал, имаше многу гужва по пат, застој поради регулирањето на сообраќајот кај Струга, но и секако морав со клима да возам цел пат, така да немав идеални услови за да го стигнам минимумот.
До Десарет имав потрошувачка 7,7л/100км, и јасно ми беше дека на враќање нема да може да надокнадам 0,9л со овој левел на сообраќај. Сепак надокнадив доста, така да од Десарет до Скопје имав 7.0, и на крај завршив со 7,4 л/100км.
Просечната брзина не ја забележав на крај, но во Десарет беше некаде околу 72-3 kм/ч што е сосема ок.
Како и да е, сафросуе малце вакво летаргично возење... ко плетење е...