Штутгарт - Лидо ди Јесоло - Венеција - Лидо ди Јесоло - Штутгарт (Преку Австрија и Тауернаутобан). Поминати 1800км од кои 1500 на автопат, другите 300 на магистрални, регионални и градски услови. Просечна брзина за целото патување 92км/ч и потрошени 100 литри бензин. Кое му доаѓа околу 5.6л/100км.
Стил на возење:
На одење до Италија се возеше добро оти немаше гужва. Во Германија кадешто има камери темпо ограничување. Кај што нема камери, темпо 130-160 лабаво и динамично. Австрија стриктно по ограничување, Италија исто по ограничување (во Австрија низ тунелите мерат просечна брзина, во Италија на аутострадата од наплатна рампа до наплатна рампа се мери просечна брзина).
На враќање, премногу гужва. Возење и чекање од Удине, па се до Штутгарт на сите важни клучки кадешто се собираат главни автопати. Од 800км релација, само некои-си 50-60км низ Германија беа слободни за возење па оти ме удри сонцето по глава ги поминав со темпо 160-190 да се исчисти гарежот од клацкањето со 90-100 на автопат.
Ок троши циганчето за тоа возење. Да беше дизел, цифрите ќе беа за литар подоле.
пс. Максимално разочаран од италијанскиот шоферлук и од аутострадата. Очекував повеќе од нив.