Види, стил како стил. Кога можев да возам брзо по автопатиштата возев брзо. Кога не можев да возам брзо по магистралните патишта, не возев брзо. Цела Босна и Црна Гора беше само маневри за пресигање, забрзај, намали, забрзај намали. Друго, Босна и Црна Гора угорници у биџкуматер. Немаше пет километри рамен пат без да возиш нагоре или надоле. Во Македонија имав многу градска вклучувајќи го и Скопје и исто многу престигања (затоа што ми беше игриво и интересно да шалташ од шеста во трета и да ѝ натепаш гас). Да ја возев истата рута како тебе, кај мене потрошувачката ќе беше околу 6.2-6.4/100км. Ама средната брзина ќе беше исто повисока.
Друго и јас бев товарен до точка што за пет километри после тргнување ми светна системот за притисок во гуми. Така ме стресна у пет сабајле и си викам па добро бе пичка му матер, самошто тргнав и ми пукна гума. Но на првата бензинска проверив гуми, се беше ОК, само донапумпав на 2.7 атмосфери и се изгасна контролната ламбичка на шалт табла.
Трето, твојата е поекономична. Да беше со Опел Астра Хеч, потрошувачката ќе ти беше во рангот 4.8-5.2 за истата релација со истиот стил на возење. Проблемот кај овие поновите Еуро6 дизели е што работат на повисока работна температура, и за комплетно согорување и исполнување на ЕУ6 нормата трошат “повеќе“ гориво. Затоа и многу Еуро5 мотори во реални услови трошат помалку отколку Еуро6 мотори без систем за третирање со Уреа (АдБлу).