Чекајте другари, што е финтава со климата? Сакате да кажете дека ја гасите некад? Прочитав и такви ликови, не би го именувал сега @Luki Junior, ама кој става клима на 23 степени во лето?
@Dule_ тоа твоето е превара некоја, нема шанси, цело време на удолница си бил, нека ти каже @zlatkoa
@Deni, потрошувачката бензин вс дизел се разликува во милиметри, исто како и моменталната цена на бенѕинска.
@Dule_ извадил интересна потрошувачка.
1.5tdci во фиеста е одличен мотор. Колата е едвај тешка 1 тон, целата рута биле двајца адолесценти присутни во возило и товарен бил гепекот релативно лесно.
Менувачот во фиестата е пресметан да има топ економија во 5 степен на пренос при брзина од 100км на час, во зоната околу 2000/2500 вртежи.
И тука нема ништо спектакуларно. Мало возило со солидно снажен мотор, и одличен менувач. Брза, жилава, одличен хендлинг, просечно пространа за до била која дестинација во радиус од 500км. Фиестата ми е една од поомилените возила. Впрочем имам и јас една таква, само со што за среќа не е дизел.
)))))
Истиот мотор 1.5 тдци во Фокус и Мондео е многу лошо решение. Од фабрика го чипуваат на поголема моќност, за да може да ја влече инертната маса која што фокусот и монедеото ја имаат. Вади економија некаква, ама возилата се ужасно досадни за возење. И најчесто сопствениците на тие возила се заглавени со 100 км на темпомат и сметаат во лева лента на автопат. Економија тераат, затоа што друго реално и нема што да прават.
Потрошувачката бензин версус дизел треба да се прави помеѓу две возила од ист тип, и со иста "еко" генерација
2.0ТДИ, 1.9 дци, 2.0 тдци треба да го споредиме со 1.4 ТСИ 1.5ТСИ, 1.5 Екобуст
1.6ТДИ, 1.5 дци, 1.5 тдци треба да го споредиме со 1.0ТСИ, 1.2ТСИ 1.0 Екобуст
Многу е погрешна споредбата на 1.9 тди на пример со 1.4 ТСИ или некој сличен турбо бензин мотор од понова генерација. 1.9 тди е со никаква еко норма, 1.4 тси е затнат со катализатори. Реално 1.9 тди ќе потроши помалку можеби, ама при директна споредба во перформанси ќе изгуби ептен од 1.4 тси.
Затоа е битно да споредите нешто што е релевантно како современа технологија која што денес се нуди на пазарот.
Се разбира дека овие податоци не ги фрлам од ракав, и не ги базирам на статии и линкови од интернет, видеа од youtube. Сите возила кои што ги набројав ги имам извозено солиден број на километри, за да можам со сигурност да го тврдам тоа што го пишувам.
Како што веќе и во минатото имам изјавено и понудено, на мој трошок можам да организирам две идентични возила со ТДИ и ТСИ мотори од иста генерација и да ги мериме. Имаше одредена иницијатива пролетта да направиме едно мерење со одредени членови од форумов со кои сум индиректно поврзан, другарувам со нив и редовно се допишувам (знааат кои се тие ќе се препознаат), но тоа не се реализираше затоа што полесно се договараме на седенка во кафана отколку на возење и мерење забрзувања, потрошувачка и слично. Па најчесто завршувавме со мезе кај Пуже, Лонгуров и не ни беше баш до мерење работата. Да не бидам сфатен погрешно, кафанската дружба е кул ствар.
Да се вратам назад на констатацијата од
@Dodo Разликата во потрошувачката помеѓу современ турбо бензин, и современ турбо дизел е речиси занемарлива. Потребно е да се споредуваат исти возила со компатибилни мотори од оваа ера, како што кажав погоре.
Ќе се обидам да бидам малку "безобразно" сликовит за да ја сватите поентата, за тие што се осетливи на вулгарна коресподенција, однапред им се извинувам за претрпениот духовен трепет, и етичкиот шок.
Дедо ми ми вели: Внучко, порано имав кур за две жени, сега имам кожа за два кура.
Така да не споредувајте должина на кожа, таму каде што се мерат други работи.