момци... нова боца доаѓа полна со воздух. оние што доаѓаат затворени со фланши имаат и азот во себе. тој воздух или азот, ке го потрошиш со неколку полнења на боцата.. дури и ке се почудиш кога прв пат ке ти собере боцата поише одошто претходно на пример...
значи извози 1-2 боци, па наполни до таван, и тогаш мери.. испразни ја скроз боцата, и иди наполни... удри есап литри вс километри и ке видиш колку си прошол...
а она со сијаличињата.. миљон пати е кажувано дека тие не се баш многу релевантни.. иако се некаква ориентација.. сум имал разни коли кои разно покажувале.. сум имал една која до пола боца, светат сите 4 зелени. од пола надоле почнуваат да се намалуваат... сум имал една на која што и да правиш 4-та зелена не се пали... сега на оваа што ја имам, кога ке почне така да тртка де 1 зелена де 1 црвена, уствари имам уште 3-тина боца... значи, не е релевантно И НЕМА ПРАВИЛО... едино правило е да испразниш до крај, кога ке почне да титка иди на плинара, наполни и шибај даље...
за оние што незнаат... (знам дека повеќето знаат, ама има и такви што не знаат) да напоменам и посочам дека ЧИМ ПОЧНЕ ДА ТИТКА, ЗНАЧИ ВОЗИШ НА БЕНЗИН...