Mercedes-Benz E220 CDI 143 hp (W210)
Поминати 540 километри (Гостивар - Скопје - Белград - Обреновац).
Просечна брзина по борд: 86 км/ч.
Време на патување по борд: 6 часа 48 минути.
Просечна потрошувачка: 5.1 л/100 км
Возев без брзање, со 4 паузи по пат, гужва на граница и белграска патарина од по 20 минути. На автопат 130 км/ч со темпомат, каде што се одвиваат конструкции, и на регионалните патишта максимум 90 км/ч.
За назад ќе пробам и пониска потрошувачка
П.С. Збор два за Мечето. Avangard опрема со кожни седишта од поубавите, двозонска клима, спуштено подвозје од фабрика. Малку потврда вожња од обичните Е-Класи ама сепак удобен - тргнав и стигнав одморен.
Моторчето има доволно сила да потегне и во 6та брзина, изненадно ниска потрошувачка и релативно ниска бучава од под хауба. Колата е убаво дампирана и до 150 се прави муабет. Над тоа треба да се подвикне малку.
Возев и Е300 дизел пред фејслифт. 177 коња се таман за шкртање маалски улици, многу е лесно да влезеш во кривини sideways.