Клабери, не заборавајте дека кога ги возите колите на резерва, со цел што поголем ефект од новото гориво, во тој момент возите на најпрљавото гориво и по мене сосема нормално е колата полошо да се однесува ... Нормално, после точите ново свежо гориво и оп...чудо 
Да не е плацебо у прашање 
малку не ти е точна констатацијава, од проста причина што возилата си имаат вградено филтри. за нафта, да речеме дека има можност да ти се затне филтерот за гориво, ама на бензин, апсолутно нема врска ова што го збориш, затоа што во споредба со нафтата, бензинот е многу по течен, секоја дупка, секоја кривина, секое цик-цак вртење со волан, бензинот толку многу се меша низ резервоар (потешко се меша супа во тенџере на шпорет со кутлача да го мешаш), така да од прво полнење до последна капка миксот (што и да имаш во резервоар) е потполно ист.
разликата е што кога се вози на резерва, можно е извесни талози (доколку воопшто ги има) од дното на резервоарот да ги повлече и да го исчисти резервоарот а да го напуни филтерот, ама како што реков за нафта, за бензин НЕ!! апсолутно нема логика тоа што го збориш, дека кога ке тури нов бензин колата му иде подобро затоа што бензинот е НОВ а тој во резервоар ти бил стар.. уауу... во резервоар може да му биде 1 недела... тој во цистерна може да е лежен и 3-4 месеци.. хехехе... ама ај да речеме дека тоа и не е докажливо лесно овака на форум, збориме за снагата и влечењето... што прајме со потрошњата за која сите велат дека им троши помалку? или и тоа е прогресивно, на секој наполнет резервоар, се помалку им троши, па по прогресија, за 1-2 години више нема да им троши ич или пола литро на 100 км ке се позиционира како стандард потрошња? да беше некој друг, ке му пишев дека треснал тешка зелена глупост, со постот од погоре што го цитирав...
а тебе Јасна Видиковска, ти се јави ли сега?
