Клабери, не заборавајте дека кога ги возите колите на резерва, со цел што поголем ефект од новото гориво, во тој момент возите на најпрљавото гориво и по мене сосема нормално е колата полошо да се однесува ... Нормално, после точите ново свежо гориво и оп...чудо 
Да не е плацебо у прашање 
Никогаш не ми бил јасен овој мит. Може ли да го образложиме малку?
Како тоа ново наточено гориво е чисто, а после недела дена (претпоставка е времево) станува прљавштина.
Ако резервоарот е прљав/со талози, колку време треба за горивото да се загади во тој случај?
Повеќето ставаат гориво на недела дена или почесто. Ако ретко се вози колата и горивото стои во резервоар месец дена или повеќе, верувам можно е онечистување во тој случај. Значи ли дека за два-три дена горивото во резервоарот се онечистува, па секое возење на резервата да е загадено гориво-еве да речеме по недела дена од точењето?