Автор Тема: FORD PROBE 2.0  (Прочитано 168632 пати)

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: FORD PROBE 2.0
« Одговори #795 на: 18 Март 2021, 08:57:08 am »
Налетав на многу ретка карбонска хауба која што во Европа само еден ја има.Веднаш спакувана без двоумење.Исто така се одлучив дека на колата ке има карбонски преден лип,карбонски Duck спојлер на багажник и карбонски дифузер под колата.Сето ова е правено од луге кои разбираат од аеродинамика не туку така.





Функцијата на задниот спојлер е ваква:

Купени се штопови со црвени жмигавци и 2 светла за рикверс поради тоа што планирам да го преместам светлото за магла доле во дифузерот

Морам да упатам јавна благодарност до @MecheTo што ми помогна да донесам некои работи .
« Последно менување: 18 Март 2021, 09:09:14 am godofspeed »

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1834
Одг: FORD PROBE 2.0
« Одговори #796 на: 18 Март 2021, 08:59:35 am »
Кое внимание се прави проектов браво, ме занима колку е разлика во кг обичната хауба vs. карбонскава дали ја имаш направено споредбата?

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: FORD PROBE 2.0
« Одговори #797 на: 18 Март 2021, 09:00:55 am »
Кое внимание се прави проектов браво, ме занима колку е разлика во кг обичната хауба vs. карбонскава дали ја имаш направено споредбата?
Фабричката е околу 30 кг а карбонската е 6 кг

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: FORD PROBE 2.0
« Одговори #798 на: 18 Март 2021, 09:10:44 am »
6 кила хауба...?

Најс.

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: FORD PROBE 2.0
« Одговори #799 на: 18 Март 2021, 14:18:22 pm »
6 кила хауба...?

Најс.
И цената е најс :D
Транспортот од Америка до тука исто така е многу најс :D
 

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: FORD PROBE 2.0
« Одговори #800 на: 18 Март 2021, 15:58:00 pm »
Инаку да не заборавам да напишам некои битни информации за возилото и за работите што се работат на него. Колата има фабрички drag coefficient од 0.30.Тие што разбираат за што зборам знаат дека тоа се премногу добри бројки.Исто така моментално имам 1100 кг вкупна килажа на возилото.Новите кочници тежат 63 килограми.Старите ке се измерат кога ке се извадат и ке знам колку ке добијам + на килажа.Ке добијам некое олеснување со промената на хаубата но сепак ми требаат одредени спојлери и дифузери за многу подобра аеродинамика на големи брзини и влегување во кривини.Сетоа ова се работи со луге кои сериозно се навлезени во оваа проблематика.


ПРЕД

ПОТОА


Заден дифузер и те како ми е потребен бидејки имам некои со 60 сантима помеѓу задното тркало и завршетокот на задниот браник и таму возилото прави воздушен џеб

Напред и назад тоа што е обоено со плаво (празнините) тоа ке биде дифузер.


« Последно менување: 18 Март 2021, 16:25:55 pm godofspeed »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: FORD PROBE 2.0
« Одговори #801 на: 18 Март 2021, 16:39:24 pm »
Имам уште работи за испорачување. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: FORD PROBE 2.0
« Одговори #802 на: 18 Март 2021, 17:38:47 pm »
Neli ti e polesno i poevtino ti da simnes nekoe kg nego vaka da frlas pari.
Opni nekoja dieta od zan mitrev simni 20kg i mirna glava ;)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: FORD PROBE 2.0
« Одговори #803 на: 18 Март 2021, 22:29:25 pm »
Ме интересира колку воопшто ќе се добие со тие 30тина кг .. сепак колава има доволно снага да не ја приметува таа тежина... А и тоа со аеродинамиката не ми е баш јасна.. знам дека е тоа мерак и све али мислам дека е подобро да си ја возиш и да не си се замараш до толку...
А исто гледам по нетов многу спремни коли низ Мк, видеа едно друго.. Од фордов нема ништо сеуште..

Јас па кајмене намерно ставам фулл резервар плин (60л) и фулл бензин (75л) за да имам подобар грип :D

п.с. колку коњи има колава одприлика ?

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: FORD PROBE 2.0
« Одговори #804 на: 19 Март 2021, 07:12:46 am »
Ме интересира колку воопшто ќе се добие со тие 30тина кг .. сепак колава има доволно снага да не ја приметува таа тежина... А и тоа со аеродинамиката не ми е баш јасна.. знам дека е тоа мерак и све али мислам дека е подобро да си ја возиш и да не си се замараш до толку...
А исто гледам по нетов многу спремни коли низ Мк, видеа едно друго.. Од фордов нема ништо сеуште..

Јас па кајмене намерно ставам фулл резервар плин (60л) и фулл бензин (75л) за да имам подобар грип :D

п.с. колку коњи има колава одприлика ?
Тоа со аеродинамиката е цела наука но здравје кога ке се доработи се ке има комплет слики и објаснување. Новиот мењач ке има подолги брзини па пресметано е дека колата ке има многу голема крајна брзина.(нека е во тајност колку).Mи требаат овие неколку тракатанци кои ке ми помогнат полесно и побезбедно да се дојде до таa крајна брзина.
Колата е 400+

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 531
Одг: FORD PROBE 2.0
« Одговори #805 на: 19 Март 2021, 09:30:50 am »
Колата има фабрички drag coefficient од 0.30.Тие што разбираат за што зборам знаат дека тоа се премногу добри бројки.

0.3 мене ми стои дека е далеку од добра бројка. Споредено со мерцедес А класа од 1997 која има 0.31, до денешниот мерцедес А седан кој има 0.22...
Ова 0.3 ми стои многу дури и за нејзино време...
Колку, во бројки, ќе има подобрување со модификациите?

П.С. топ проект и само напред, ем лично ем моќно нешто се добива :)
 
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Одг: FORD PROBE 2.0
« Одговори #806 на: 19 Март 2021, 09:52:02 am »
Da, 0.30 koeficient ne e bas dobar, mojata stara astra G od 98 imase 0.29.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: FORD PROBE 2.0
« Одговори #807 на: 19 Март 2021, 09:59:21 am »
Коефициентот на отпор е само една карактеристика од вкупната сила на отпор што го пружа фронталниот дел на колата. Фронталната површина е побитната компонента. Пробе е прилично ниска кола со мала фронтална површина. Го имав објаснето ова пред години во некоја тема.... Аха, еве ја: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2526.msg1103181.html#msg1103181

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 531
Одг: FORD PROBE 2.0
« Одговори #808 на: 19 Март 2021, 10:00:30 am »
Аеродинамиката е сериозна работа. Спомнуваш крајни брзини и големи брзини при кривини. Дали колата ќе се тестира во воздушен тунел или симулатор заради модификациите?
Се друго е опасна импровизација која не дај боже, во одредена ситуација тие модификации можат да доведат до влошување место во подобрување...
Пример ќе го земам вејронот, на почеток кога го правеа. Имаше сериозни проблеми со аеродинамичноста на големи брзини, блиску беа и до откажување на проектот пред да успеат да го решат со динамичниот заден спојлер.
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: FORD PROBE 2.0
« Одговори #809 на: 19 Март 2021, 10:03:37 am »
Коефициентот на отпор е само една карактеристика од вкупната сила на отпор што го пружа фронталниот дел на колата. Фронталната површина е побитната компонента. Пробе е прилично ниска кола со мала фронтална површина. Го имав објаснето ова пред години во некоја тема.... Аха, еве ја: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2526.msg1103181.html#msg1103181
Најлесно ќе увидиш кога ќе земеш
Probe со 0.3
BMW X6 0.32

Иако драг коефициентот е сличен, Probe е барем 3 пати поаеродинамична кола.