Вчера имав тест возење на Hyundai Ioniq5. Извозев околу 45 км мислам, истата рута што ја возев со електричните Мазди.
Беше со средно ниво на опрема, без акустични стакла, но и без нив беше прилично тивок на автопат.
Просечна потрошња искочи 17.5 kWh на 100км.
За споредба, со Маздите беше вака: 6e - 16.2~16.3, CX-6e 18.3
Убаво возеше, има доста команди на волан и лесно се мења модот на возење, има и мал дисплеј пред возачот.
После 15 км приметив дека седиштето уствари е тесно за мене, и не е за долги релации.
Делува квалитетно изработен внатре, ама материјалите некако ефтини и делува како кола од 20000 еур. Маздите за Хјундаиво се друго ниво, стварно премиум делуваат.
Мака мачам да закажам тест возење на Cupra Tavascan и Skoda Enyaq, немам никаков одговор на мејл веќе 2 недели, па веројатно и нема ни да ги земам во предвид.
Би сакал BYD електрична да провозам, да ја споредам со маздата, зашто таа ми е моментално репер за споредба со останатите возило.
Можда и KIA EV6 би ја пробал, мада некако не ми е симпатична.