https://off.net.mk/vesti/svet/plag-in-hibridite-zagaduvaat-kako-benzincite
Ова нешто како "Дизелгејт" испаѓа.😁
Ништо чудно, пошто не се користат како што треба. Ако ти текнува, на времето на Топ Гиар турија Приус да врти кругови заедно со М3. Пошто Приусот беше многу надвор од својата комфор зона, за разлика од М3 што е направена за таков вид на експлоатација, секако дека Приусот многу повеќе се измалтретира, потроши повеќе гориво и генерираше повеќе штетни гасови.
Напукаа едно чудо фирмовски плаг-ин Шкоди (и слични) кои и онака не ги ставаат на пуњач, пошто нели, зашто би. Секако дека не помага тоа што се со никаков електричен досег и мизерен бензинец што ќе мора да влече батерии. Уште поише што и онака мамето им го плакаат на фирмовските аута, па еве, сумарно земено, повеќе загадуваат од регуларните бензинци и/или дизели. Мислам дека многу подобро ќе беше, флотните возила да си останат дизели, ама ете.
Уште побезобразен и попедерски потег е поскапувањето на струјата на пуњачи...
„Купувајте електрични возила“, „Бла бла помали даноци“, „Бла бла субвенции“, „Бла бла кур се тресе...“ ...
Кога ја земав картичката за пуњачи (негде јануари 2024), цената беше помеѓу 15 и 20 центи по кВч. Сега е помеѓу 65 и 90 центи по кВч. Дополнително што на некои паркинзи не е соодветно обележано, дали покрај струјата, треба да платиш и за паркинг местото, па може и да си добиеш казна за неплатен паркинг.
Претходно барав каде има пуњачи кога посетував некој град. Веќе поодамна не го правам тоа, пошто нејќам да се замарам... Дали е вклучен паркингот, дали не е, па кај некои оператори, мора да ја тргнеш колата после 2 саата, кај други е после 4, и после тоа се плаќа казна... Батали, си барам нормален паркинг и си паркирам таму.