Значи одамна сме установиле дека плаг-ин хибриди не се panacea. Да се вергла over and over again истиот муабет (како што ете, прават колегите од AutoRepublika) и да се држи грчевито за некои сфаќања а-ла оној Скоти од Јутуб што вика само стари Тојоти да купуваме, е глупо. Ко Ван со Старт-Стоп.
Плаг-ин хибриди се stepping stone кон целосно-електрични возила. Прво одевме пешки, па после тоа јававме коњи, па од коњи стигнавме до коли, па до коли со самополнечки хибрид, па коли со плаг-ин хибрид, па здрааавје, ќе стигнеме до фул-електрик.
Не се идеално решение. Не се. Едноставно не се. Ефикасноста им е најдобра во градски, тргни-застани услови и кратки релации. Кога ќе ја испразниш батеријата стануваат обичен самополнечки хибрид (ко Тојота) и ги имаш истите бенефити.
Ама да се вергла дека биле срање пошто корисниците не ги користат како што треба?
Мајсторот со хилтата.
Све е до индивидуалните потреби на конкретниот возач, и недоволната информираност при избор на возило, особено со нови технологии.
Е сега... Можеме тука да дискутираме зошто корисниците не ги користат како што треба. Поради недоволна едукација од страна на продавачите? Поради мрза? Куроболие пошто друг му ги плаќа сметките за гориво? Тоа е веќе друг муабет, и тоа е темата на која што би требало да се обрне внимание.