Секако дека ќе се врати инвестицијата - и колку повеќе возиш, толку побрзо.
Годишно ако возам 15.000 километри на бензин и претпоставам просечна потрошувачка од 10 литри на 100 километри, тоа значи 1500 литри бензин. По денешни цени (60.50 денари за литар 95-ка), тоа се 90.750 денари.
Годишно ако возам 15.000 километри на струја и ја полнам колата на евтина струја, 100 километри (со Пежо е-208, да речеме) ќе ме чинат 48.2 денари. Тие 15.000 километри ќе ме чинат 7200 денари. Ако полнам на бесплатни полначи на ЕВН секогаш кога можам, уште помалку.
Да не праиме муабет дека редовен сервис се сведува на филтер за кабина/клима, и кога ќе дојде ред, гуми да се сменат. Евентуално и дискови/плочки, ама заради регенеративното кочење на колата, потрошувачката и на тие е енормно намалена.